Цела година не излегов од кафана: Миле Кузмановски во Еден на Еден
- Детали
- петок, 31 јануари 2020
Големиот хит „Не кани ме“, настанал за само една ноќ, а целата приказна за оваа песна ќе ја раскаже Миле Кузмановски во Еден на Еден кај Жаре, во недела, на Канал 5 од 18.30.
„Песната ја добив на касета, само со гитара и со „нанана“. Беше готова за една ноќ“, е дел од оваа приказна.
Почетните стихови на евергринот „Не кани ме“, „Те слушам мирисаш пред мене“ го инспирираа Жаре да му смисли интересна игра на фолк-пејачот. Во неа Миле Кузмановски ќе погодува пијалоци и храна по мирис, со врзани очи.
„Кафаната е институција, тоа е една многу специфична работа. На времето, сум имал настапи по 365 дена во годината, цела година од кафана не сум излегол“, е само една од приказните кои ги раскажа Миле.
„Еднаш утнав ресторан, за малку ќе пеев на погрешна свадба“, е уште една добра приказна на пејачот со голем багаж.
Со неговите колеги Мирослав Илиќ и Наум Петрески, тој ќе одржи концерт на 15 февруари во А1 Арената, па затоа Жаре го предизивика Миле да испее една песна од Наум, со помош на „Маестро бенд“. И не само тоа, Миле со Гуру Харе бенд се покажа како одличен рокер.
Во продолжение погледнете две интересни видеа од новата епизода на Еден на Еден. Во првото, Миле зборува како настанала „Не кани ме“, а второто е монолог на Жаре за тоа како би се викале партиите на познатите.