Како да ја заштитиме кожата во деновите кога загаденоста на воздухот е превисока
- Детали
- понеделник, 20 јануари 2020
Според светската здравствена организација (СЗО) 22% од луѓето ширум светот живеат во градови кои не ги исполнуваат стандардите за квалитет на воздухот на СЗО.
Човечките активности што доведуваат до загадување и оштетување на животната средина се од најразличен вид и меѓусебно поврзани, а аерозагадувањето влијае повеќекратно врз здравјето на луѓето.
Еден од најпогодените делови е човековата кожа и токму затоа, за штетното влијание на загадениот воздух врз овој дел од човековото тело, како и за начините како да се заштитиме во деновите кога воздухот е најзагаден зборувавме со д-р Наташа Теовска Митревска, специјалист дерматолог. Таа е магистер по јавно здравство и е активен член на бројни здруженија од областа на дерматологијата, алергологијата и естетската медицина, а веќе 10 години е и дел од тимот на ПЗУ „Ремедика“.
Според д-р Теовска Митревска иако човековата кожа делува како биолошки штит против про-оксидативните хемиски и физички загадувачи на воздухот, продолжената или повторувачка изложеност на високи нивоа на овие загадувачи може да има длабоки негативни ефекти врз кожата.
„Изложеноста на кожата на загадувачи на воздухот е поврзана со стареење на кожата и воспалителни или алергиски состојби на кожата како што се атопичен дерматитис, егзема, псоријаза или акни, додека ракот на кожата е меѓу најсериозните ефекти“, вели д-р Наташа Теовска Митревска.
Во надворешниот простор, загадувачите на воздухот можат да го пробијат озонскиот слој, дозволувајќи ултравиолетовото зрачење од сонцето да помине преку горниот слој на атмосферата. Не само што ова може да доведе до карцином на кожата, туку и да се ослободат слободни радикали кои се апсорбираат преку кожата и можат да влијаат врз целото тело со оштетување на клетките и предизвикување на други болести. Според д-р Теовска Митревска, ефектите врз кожата можат да се манифестираат со сувост, која понатаму ја нарушува заштитната обвивка на кожата и доведува до влез на алергени, бактериски или вирусни микроорганизми, како кај децата, така и кај возрасните.
„Сè почесто во нашите ординации се присутни состојби кои во услови на зголемена загаденост на воздухот, состојбата која претходно ја имале им се влошила. Најранливи категории се младата популација, адолесцентите, децата и постарите лице, како и луѓето кои веќе боледуваат од одредена болест, било да се работи за кожно заболување или заболувања на други органи“, споделува со нас д-р Наташа Теовска Митревска.
Во деновите кога метеоролозите прогнозираат лоши услови за квалитет на воздухот, и мерните станици покажуваат високо ниво на аерозагаденост, таа препорачува облекување на кошули со долги ракави. На тој начин ги задржувате честичките од загадувањето на воздухот подалеку од вашата кожа. Исто така, пред да заминете на отворено, таа советува и користење на крема со фактор за сончевите зраци, дури и во зимски услови.
Интересен е фактот што истражувањата објавени од Агенцијата за заштита на животната средина укажуваат дека загадувањето на воздухот во затворен простор може да биде дури два до пет пати повисоко од нивото на загаденост што се регистрира надвор. Загадувачите во затворениот простор може да предизвикаат иритација на кожата и осип, а тоа значи дека ниту во домот не сме целосно заштитени од загадувачите.
Во насока на обезбедување на што почист и поквалитетен воздух во домашни услови, д-р Теовска Митревска советува подобрување на вентилацијата во затворениот простор, односно овозможување на повеќе свеж воздух, одржување на влажноста на ниско ниво и употреба на производи што испуштаат пониски количини на формалдехи. Покрај тоа, таа препорачува користење на правосмукалки со филтер ХЕПА и правосмукалки за редовно чистење на честички од прашина што се наоѓаат во теписите и на други површини за домаќинството, како и одржување на филтрите за климатизација чисти, за да можат да ги задржат загадувачите во затворен простор.
Меѓутоа, како еден од најефективните начини за намалување на загаденоста на воздухот во домот, таа го издвојува користењето на апарати за прочистување на воздухот.
„На пазарот се нудат повеќе типови на прочистувачи, меѓутоа колку што знам, Philips апаратите за прочистување на воздух во себе имаат инсталиран ХЕПА филтер, кој ги филтрира ситните честички, дури и тие со големина до 0,003 микрони, отстранувајќи до 99,97% од загадувањето на воздухот дома. Дополнително, прочитав дека филтерот со активен јаглен кај овие прочистувачи ги отстранува штетните гасови, вклучувајќи ги и испарливите органски соединенија, а претфилтерот ги задржува големите честички, како што се правот или влакната од домашните миленичиња“, вели д-р Наташа Теовска Митревска.
Таа дополнува дека преку користење на Philips прочистувачите за воздух не само што успешно се филтрира загадувањето во воздухот и се намалува ризикот од осипи на кожата, туку се олеснуваат и симптомите на алергија и се олеснува дишењето кај луѓето кои имаат проблеми со дишните патишта. На тој начин обезбедуваме сигурност дека воздухот во домот е почист односно дека сме обезбедиле ефикасна заштита од надворешното аерозагадување и внатрешните алергени, а со тоа сме го заштитиле своето и здравјето на најблиските.