Филип Морис - „лидер на иновацијата“ во тутунската индустрија

Светската здравствена организација на крајот на минатата година излезе со податок дека во светот има над 1,3 милијарди пушачи.

filip-moris-lider-na-inovacijata-vo-tutunskata-industrija-01.jpg

СЗО проценува дека бројот на пушачи во 2025 година ќе остане поголем од една милијарда. Ова само покажува дека и покрај низата преземени кампањи и рестриктивни мерки против пушењето, голем дел од пушачите едноставно не сакаат да се откажат од оваа своја навика.

Врвни научници од Филип Морис Интернешанал повеќе од една деценија работеа и го создадоа уредот кој може да одговори на растечката потреба на возрасните пушачи кои не можат да се откажат од пушењето и кои сакаат притоа да водат сметка за своето здравје и својата околина. IQOS е уред кој не го согорува тутунот и со тоа, како што е и научно докажано, произведува 90-95% помалку штетни состојки во споредба со цигарите, што овој уред го прави подобар избор за здравјето на возрасните пушачи отколку да продолжат да пушат. Клучна разлика меѓу традиционалните цигари и IQOS е во процесот на согорување на тутунот што е присутен при пушењето цигари, додека во случајот на IQOS тутунот се загрева, но не согорува. При согорувањето на тутунот во процесот на пушење цигари, се ослободува тутунски чад кој содржи голем број штетни состојки, a токму овие состојки се главни предизвикувачи на болестите поврзани со пушењето.  

Според анализи и мислења на реномирани светски институции, како на пример Управата за храна и лекови на САД и Националниот институт за јавно здравје и здравствена заштита на Велика Британија, никотинот не е примарниот причинител за болести поврзани со пушењето. Со овoј уред се задоволува потребата од никотин, без притоа да се ослободуваат штетните состојки кои настануваат во процесот на согорување на тутунот, каков што е случајот кај цигарите.

Научните истражувања докажаа исто така дека при користење во затворени простории, IQOS не влијае негативно на квалитетот на воздухот. На овој начин непушачите кои се во близина на лицата кои користат IQOS не внесуваат штетни состојки, каков што е случајот доколку се во близина на оние кои пушат традиционални цигари.

Со донесувањето на соодветната законска регулатива во Северна Македонија, се отвора можност за легална продажба на IQOS, што наскоро на возрасните македонски пушачи ќе им овозможи побезбедна алтернатива на цигарите.

Би можело да ве интересира:

Внуката на Драган Спасов - Дац наполни 1 година: Роденденска забава со мечиња за Гаиа Со тематска забава и многу гости, синот на Дац, актерот Јаков Спасов и сопругата...
Како нè воспитуваа родителите на Балканот – Хумористичните видеа на Стефан Николовски ќе ве вратат в... „Не ми плачи, не ти се дерам, со убаво ти кажувам да разбереш!“ - ви звучи позна...
Вирално видео од Игор Џамбазов: „Просечен македонски озборувач има 35 години, а дома му оставаат пар... „Просечниот македонски озборувач има 35 години, невработен е, мајка му и татко м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg