Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


1000 години од осветувањето на манастирот Свети Јован Бигорски (фото)

Осветен во далечната 1020 година, Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител оваа година прославува 1000 години постоење. 

1000-godini-od-osvetuvanjeto-na-Sveti-Jovan-Bigorski-01.jpg

Манастирот кој е дел од Дебарско-кичевската епархија, се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште во западна Македонија.

Манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. 

Од помениците се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Манастирот Свети Јован Бигорски надалеку е познат по својот иконостас. Него го правеле занаетчиските раце на Петре Филипов-Гарката од селото Гари, заедно со брат му Марко Филипов, Макариј Фрчковски од Галичник и Аврам Дичов со синовите Васил и Филип, од родот Филиповци од Осој, во периодот од 1829 до 1835 година, успевајќи да создадат прекрасна дрвена поставка.

Интересен податок што многумина не го знаат е дека во комплексот на манастирот е снимен македонскиот филм Мис Стон.

На 30 септември 2009 година, во манастирскиот комплекс избувна пожар при што целосно изгоре стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта.

Со помош на донации уништените делови од манастирот беа повторно обновени и целосно реставрирани. 

1000 години од оваа земна убавина, погледнете ги најубавите фотки од манастирот Свети Јован Бигорски:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Јован е нашиот херој од реалноста! 19-годишно момче влегло во пожарот во Кочани за да си ги спаси др... „Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш. За твојата храброст, хуманост, емпатија...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Славни и борбени - Самохрани мајки на македонската естрада Некои се разведени, а на некои сопругот им починал, но сите се борбени и храбри....
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg