Нови СУПЕР лебови за СУПЕР навики од Жито Лукс

Жито Лукс на пазарот лансираше нова категорија на лебови со висока нутритивна вредност.

novi-super-lebovi-za-super-naviki-od-zhito-luks-01.jpg

Користејќи супер состојки (познати како super foods) како што се чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант, понуден е асортиман од 3 нови лебови кои се вистински избор за избалансирана и здрава исхрана. Правени по едноставна рецептура која во својата основа има исклучиво 100% целозрнести состојки, новите лебови дополнително се збогатени со супер  семки, зрна, житарки  и маслиново масло за уникатно богат вкус.

„Правилниот начин на исхрана станува се поприоритетен во исхраната на граѓаните. Затоа Жито Лукс постојано пласира нови иновативни производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната, стремејќи се да обезбеди здрав оброк кој истовремено ќе има и одличен вкус. Направени по уникатна рецепура, со минимално процесирани состојки, новите лебови содржат природни и здрави супер состојки, а истовремено не содржат, конзерванси, вештачки бои, додадени шеќери и палмино масло. Различни по форма и структура од сите останати во нашиот асортиман, новите лебови во вистинска смисла на зборот претставуваат супер лебови за супер навики“, вели Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.

Интегралниот леб со супер семки - чија и тиква претставува одлична комбинација за избалансиран појадок бидејќи чијата претставува богат извор на омега 3 киселини, антиоксиданси и растителни влакна, а семките од тиква се богати со протеини, диететски влакна, минерали, поли-незаситени масни киселини и фитостероли.

novi-super-lebovi-za-super-naviki-od-zhito-luks-02.jpg

Интегралниот леб со супер житарки -  е направен  со изртена спелта и овес. И’зртената спелта  му дава посебна  карактеристика бидејќи за разлика од обичната пченица, таа е побогата со протеини со висока биолошка вредност, а содржи и повеќе минерали.  И’зртениот овес содржи значајна количина на квалитетни протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна (бета-глукани), фенолни соединенија, со антиоксидативен карактер. Токму комбинацијата од овие „супер житарки“ го прават овој леб вистински избор за енергичен оброк.

novi-super-lebovi-za-super-naviki-od-zhito-luks-04.jpg

Хељдата како природен извор на полифеноли, фитостероли, диететски влакна, витамини, минерали како и антиоксиданси и незаситени масни киселини, во комбинација со амарантот кој е извор на висококвалитетни протеини, го прават Интегралниот леб со супер зрна - хељда и амарант, совршен за здрава и вкусна исхрана.

novi-super-lebovi-za-super-naviki-od-zhito-luks-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Горди татковци: Марко Новески и Бомбакис на плажа со бебињата во Охрид „Богатство и љубов во една слика“, напиша Бомбакис на фотката направена на плажа...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg