Детска празнична програма во Будва - „Празнична Будва по детска мерка“

Во пресрет на божиќните и новогодишните празници и магијата која ја носи овој период од годината за најмладите, Туристичката организација на општината Будва се потруди, заедно со партнерите, да осмисли и реализира детска празнична програма, која во рамката на различни сегменти ќе трае се’ до крајот на јануари.

5a3251573c4a6_o,size,640x400,q,71,h,d5338c.jpg

Во соработка со киното „Cadmus Complex“ од 19 до 25 декември се одржува Фестивалот на филмови за деца каде што децата ќе можат бесплатно да уживаат во проекциите на играни и анимирани филмови.

Во среда, 25 декември, во 16 часот, децата од градинката „Мој свет“ во Будва на најсвечен начин ќе ја отворат „Божиќната пјацета“ пред Стар град, со изведба на театарската претстава „Патот на љубовта“.

Учениците од основното училиште „Мирко Срзентиќ“ од Петровец, со поддршка на Културниот центар „Стара Будва“, во петок (27 декември) со почеток од 12 часот, ќе одржи свечена новогодишна програма на платото пред ресторанот „Катиќ“. Во таа прилика најмладите Петровчани ќе организираат и школски базар, а ќе ги посети и Дедо Мраз, кој ќе им донесе пакетчиња.

detska-praznichna-programa-vo-budva-praznivhna-budva-po-detska-merka-02.jpg

Централната детска прослава ќе биде организирана во сабота, 28 декември од 12 часот, на главниот градски плоштад, каде распеаниот тим на танцовата и аниматорска група UV Dance“ од Нови Сад ќе ја изведе „Магичната бајка“ во која активно, како и претходните години, ќе учествуваат најмладите посетители и граѓани на Будва. Во соработка со компанијата „Мега Промет Будва“, тој ден Дедо Мраз ќе биде исклучително дарежлив.

Истиот ден со почеток од 19 часот, на приземјето од TQ центарот, TO Будва, во соработка со компанијата „Трејд Јуник“ и веселиот Дедо Мраз ќе ги израдува децата кои ќе бидат собрани таму.

Програмата за деца на Плоштадот на сликарите ќе продолжи и во вторник, 31.12 од 12 часот, кога млади изведувачи од Никшиќ, Тиват, Цетиње, Будва и Подгорица - „Сањине смијалице“ - ќе изведат концерт со детски песни. Водач на проектот и авторка на текстовите е Сања Периќ.

„Божиќната пјацета“ и богатата понуда на угостителите од Будва од 4 до 26 јануари ќе биде надополнета со детско лизгалиште на плоштадот пред Стар град, каде во недела, 5 јануари, од 14 часот ќе биде одржана програма за деца.

detska-praznichna-programa-vo-budva-praznivhna-budva-po-detska-merka-03.jpg

На најмладите жители и посетители на Будва, Трговската организација на општина Будва и оваа година им посакува весела, распеана, здрава и среќна година која следи!

Би можело да ве интересира:

Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Новогодишна честитка од штипската четворка: Слатките бебиња во празнични костими со Дедо Мраз (фото) Штипската четворка, бебињата Михаил, Теодор, Ведран и нивната сестра Леонтина, ј...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg