Герила акција на Божиновски часовници и накит и иницијативата #МетиСиСоКласнето – Свеста е луксуз

Дали дефиницијата за луксуз се менува? Ова прашање  преку својот излог го постави компанијата застапник за луксузни брендови „Божиновски часовници и накит“, преку нивната герила акција, која ја спроведуваат заедно со инцијативата #МетиСиСоКласнето.

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-01.jpg

Минувачите кои се навикнати на излогот во оваа луксузна продавница да гледаат часовници и накит од познатите швајцарски брендови, денес забележаа моќна порака на излозите „Воздухот не е луксуз“, “Свесноста е луксуз“.  Дополнително излозите се украсени со склуптури изработени од отпадоци собрани од страна на иницијативата #МетиСиСоКласнето.

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-02.jpg

Од компанијата велат дека со ваквиот чекор сакаат да придонесат за подигнување на свесноста за важноста за секојдневна борба за подобра животна средина.

„Имаме чувство дека некако работите се изместени последните децении. Она што до скоро важеше за основно човеково право, како што е чистиот воздух, денес стана луксуз, барем за граѓаните во поголемите градови во Македонија. Затоа решивме наместо класична новогодишна честитка, преку нашиот излог да испратиме порака до сите засегнати за наредната година посериозно да се посветиме кон решавање на проблемот со колективната свесност. Луѓето не перципираат како компанија која застапува луксузни брендови, па кога е така решивме нашиот излог да го отстапиме за нешто што стана луксуз за сите, а тоа е чистата животна средина. Цената која сите ја плаќаме за ваквиот луксуз не се вреднува со пари туку за жал со здравје“, изјавија од Божиновски часовници и накит.

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-03.jpg

Од иницијативата #МетиСиСоКласнето потенцираат дека се изненадени од бројот на деца кои се приклучиле на конкурсот за изработка на склуптури од смет.

“Кога пред месец дена го објавивме конкурсот лично бев преплашена дека никој нема да се пријави, но се случи чудо. Не само што се пријавија околу 400 ученици со своите ментори, туку  не изненади и квалитетот на дела што го добивме“, изјави Марија-Малена Петковска Микаровска позната како #МетиСиСоКласнето.

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-04.jpg

Во излозите на продажните салони на “Божиновски часовници и накит“ во Битола и Скопје се изложени вкупно десет од изработените склуптури, а сите дела ќе бидат изложени на 26ти декември на новогодишниот  џез концерт во Битола во Центарот за култура на симболичниот „Плоштад иднина“, каде симболично ќе посакаме свесноста да проработи на сите нивоа во нашето општество и во следната година да влеземе со чисти мисли.

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-06.jpg

Дополнително изложбата како караван ќе патува низ повеќе училишта низ Македонија со цел да се инспирираат младите за важноста од грижата за животната средина.

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-07.jpg

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-08.jpg

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-09.jpg

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-11.jpg

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-12.jpg

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-15.jpg

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-17.jpg

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-10.jpg

gerila-akcija-na-bozhinovski-chasovnici-i-nakit-19.jpg

Би можело да ве интересира:

Миа Костова го прослави 40-тиот роденден со забава во бохо стил, бел дрес код и торта на три ката За роденденската забава Миа избра бел фустан со реси, гол грб и кафеави каубојск...
Долги нозе и извајано тело - Лара Иванова во црни бикини ја затвори летната сезона Пејачката Лара Иванова, која имаше работно лето со многу настапи, средината на о...
Чанта од 35.000 евра, влечки за плажа од 2.000 евра – Луксузниот стил на Аделина Тахири на патувањет... На плажа со Chanel чанта од 6.000 евра позира додека го бакнува синот, а навечер...
ДНК собраа 690.000 денари од лицитацијата на Златната Бубамара за лекување на Леонид „Митрески Кирче од Охрид за 250.000 денари ја доби статуетката од Златна Бубамар...
Агнеса Органџиева го прослави 40-тиот роденден со стил - Огномет, луксузна вечера и стотина рози „Ми беше забрането да влезам во делот каде што требаше да се одржува забавата.&n...
Македонската Ким Кардашијан на луксуз во Монте Карло - Забави во ноќни клубови, шампањ на јахта (фот... Драгана, која пред неколку години јавно кажа дека го зголемила задникот, плени с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg