Две награди за „Кривогаштани промет“

Kомпанијата „Кривогаштани промет“ e добитник на две награди, со кои само се потврди квалитетот на производите, кој е и основната вредност на компанијата.

dve-nagradi-za-krivogashtani-promet-01.jpg

Едната награда се однесува на признанието „Македонски квалитет 2019“, каде токму„Кривогаштани промет“ како единствена компанија од прехранбениот сектор беше наградена. Престижното признание за афирмација на македонскиот квалитет во земјата и интернационално, го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот Н. Е. Стево Пендаровски.

Горан Цуцулески и Симе Станчески, менаџери на компанијата „Кривогаштани промет“ ја добија втората награда “Претприемач на годината 2019“  во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ). Ко-организатор беше Националниот центар за развој на иновации  и претприемачко учење, а институционален покровител - Министерството за економија на Република Северна Македонија.

dve-nagradi-za-krivogashtani-promet-02.jpg

„Кривогаштани промет“ ги пласира своите производи под брендот Gurmano, кои се продаваат во Македонија и се извезуваат во 23 земји во светот. 

Gurmano нуди ајвар, пинџур, лутеница, малиџано, закуска (сите во блага и лута варијанта), печена пиперка, печена сомборка, феферони, пиперчиња со сирење и други производи правени по оригинален македонски рецепт и со суровини главно добиени од Пелагонискиот регион. 

А следната година, „Кривогаштани промет“ ќе ја слави 30 годишнината од своето постоење.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg