Ново 100% интегрално брашно од Жито Лукс со збогатена нутритивна вредност
- Детали
- четврток, 19 декември 2019
Жито Лукс ја збогати понудата на пазарот и во својата широка палета на брашна го додаде 100% интегралното брашно.
Високата нутритивна вредност на брашното доаѓа како резултат на процесот на мелење на цели зрна пченица, со што во него остануваат обвивката и никулецот давајќи му ја со тоа специфичната структура и потемната боја.
„На нашите консументи отсега им го нудиме новото 100% интегрално брашно со кое тие добиваат нов сојузник за правилна и избалансирана исхрана. Ова брашно е богато со растителни влакна, витамини од Б групата, витамин Е, минерали како натриум, калиум, калциум, железо и содржи поголемо количество протеини и диететски (хранливи) влакна. Затоа го препорачуваме како составен дел од здрава и балансирана исхрана“, вели Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.
Уште една од добрите страни на 100% интегралното брашно е што е лесно за обработка (месење) и од него може да се подготват вкусни и здрави лебови, тестенини, бисквити и печива.
Жито Лукс постојаното пласира нови производи, со кои ги следи најновите трендови во исхраната и одговара на различните потреби на потрошувачите.