Вратете ја енергијата со новите Фини – Мини супи и освојте iPhone11

Течна е, но не ја пиеме. Топла е, но не се готви. Што е тоа? Фини - Мини супа, се разбира. Отсега во ново, помодерно издание. Побарајте ја својата омилена супа во нова амбалажа и учествувајте во големата наградна игра!

vratete-ja-energijata-so-novite-fini-mini-supi-i-osvojte-iphone11-01.jpg

Тајната на совршената супа е во изборот на вистинскиот зеленчук, месо и зачини и секако, во должината на готвење. Но, понекогаш тајната е едноставно да се посегне за Фини - Мини супа. А омилените супи Фини - Мини одсега се на полиците со нов, помодерен дизајн. Пронајдете ги во блискиот маркет, купете три супи од било кој вкус, фотографирајте ја фискалната сметка и пријавете се на веб - страницата fini-mini.mk.

Испратете фотографија од фискалната сметка и пополнете ги полињата за лични податоци (име, презиме, адреса, е – меил и број на телефон) во онлајн формуларот за пријавување. Играјте за главната награда iPhone 11, како и за останатите награди: 1 х Go Pro HERO 7 Black, 3 х JBL CHARGE 3 Stealth Edition, 5 х Beats - EP On-Ear Headphones. Наградната игра трае од 30.10.2019 до 20.12.2019 година, а извлекувањето на наградите ќе се одржи на 25.12.2019.

На прв поглед, веќе на сите им е јасно дека Фини – Мини супите се подготвуваат без готвење и дека нудат вкусен и брз оброк, преполн со неодоливи и вкусни состојки. Новиот дизајн носи со себе и нови, подобрени рецепти, без конзерванси и без додадени подобрувачи на вкус. Можеби говедската и пилешката се првата асоцијација кога некој ќе спомене супа, но ништо помалку не се застапени во нашите чинии и вкусовите на печурки, тиква или пак изненадувачки добрата комбинација од спанаќ и сирење.

Фина супа 1, 2, 3!

A028685_FINI MINI KREM JUHA OD GLJIVA 20G_3D.jpg

Бидејќи, не секогаш имаме време да сецкаме целер, моркови и кромид на совршени парчиња, да подготвуваме домашни тестенини и кнедли, или да стоиме покрај шпоретот додека супата не ја постигне бараната густина и вкус. За среќа, со супите Фини - Мини, помалку време не значи и помалку вкус!

Едно пакување супа Фини-Мини, два децилитри топла вода и три минути трпение е се што ви треба за да уживате во хранлив, вкусен и практичен оброк. Без тенџере, без капак, па дури и без кујна. Едноставни и брзи за подготовка во секоја прилика, со Фини – Мини супите едноставно е да се биде во тренд, а да се ужива во моментот. На работа, на одмор, во природа или на пауза од учење, доволно е само да се истури содржината на вреќичката во шолја, да се додаде топла вода, да се причека само 3 минути и уживањето е загарантирано.

Омилените вкусови на Фини - Мини супите носат задоволство во шолја, во секоја прилика.

A514HR_FINI MINI GOVEĐA JUHA 18g_3D.jpg

Затоа што секој сака да ужива во вкусен, топол оброк било каде и било кога, затоа посегнуваме за супите кои ги карактеризира едноставна и брза подготовка, во практично пакување. Секој може да ја направи Фини – Мини супата, од почетник во кујната, до вработен татко кој сака да ги изненади домашните, па сè до модерната баба која и тоа како си го цени своето време.

Супите Фини-Мини се супи за секој џеб, затоа што благодарение на нивното пакување и едноставната подготовка, тие можат да бидат со нас на факултет, на патувања по природа, на тренинг или да се користат како ас до ракавот, кога во студентската соба ќе нападне ненајавено гладно друштво. Бидејќи изреката гласи: за секој гостин, една Фини-мини супа е доволна. Паметите? Ајде...една лажица за мама, една за тато, една за баба ... е вака некогаш не наговараа за да ја изедеме супата во чинијата до крај, а ние денес вака делиме Фини-Мини супи. Тиква за мама, кремаст спанаќ со сирење за тато, говедска за баба. Секој си има своја омилена, топла и вкусна супа...подготвена да понуди домашен вкус за само неколку минути.

Добар апетит!

A512BH_FINI MINI KREM PILEĆA JUHA 18G_3D.jpg

K201HR_FM KREM J. ŠPINAT I SIR 23g_3D.jpg

K197HR_FINI MINI KREM JUHA OD BUNDEVE 23G_3D.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Моша е мини копија на тато – Синот на Слаткар пее срамежливо негова песна додека се возат (видео) Моша делува малку срамежливо додека пее, но сепак ја знае напамет песната од Сла...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg