Каде може да танцувате во Скопје?
- Детали
- четврток, 24 октомври 2019
Спремни сте за танц? Направете го тоа во двете најдобри студија во државата, „Break a leg“ и „Eat the beat“.
Постојат многу доблести и предности кај танцувањето. Сепак, не секој може да го скрши својот страв и да се мотивира за да ги почуствува на своја кожа. Тоа најчесто се должи на тоа што многу луѓе се затворени и самото стапнување на подиумот ги исполнува со нервоза и возбуда. Единствен начин како да го надминат тоа е да ја искористат таа енергија во своите движења. Тоа го охрабруваат две од најдобрите танцувачки студија во Скопје кои секогаш им помагаат на тие кои што сакаат да ги почуствуваат бенефитите од танцот. Тие се „Break a leg“ и „Eat the beat“.
Овие две студија се многу познати и по тоа што на своите млади ученици им помагаат да се развијат од рана возраст, како физички, така и психички и социјално. Кај нив тие, покрај тоа што ги учат движењата, ги надминуваат своите стравови и настапуваат пред група на луѓе. Покрај бројните награди кои ги имаат, овие нивни делувања и резултати се воочливи и во последните две герила акции кои студијата ги организираа во Скопје. Воедно, пред Капитол мол 50-на млади имаа „Танц битка“, додека во Сити мол 70-на од нив играа на музика избрана од случајни минувачи во „Танц џубокс“. Тоа им помогна на многу нивоа, посебно на тие што прв пат излегуваа пред повеќе луѓе. Сега тие ја имаат храброста да настапат и на едно од најголемите танцувачки настани во Македонија и регионот, меѓународниот танц натпревар „Dance off“, кој воедно е организиран од „Break a leg“ и „Eat the beat“.
„Eat the beat“ е студио предводено од танчерите Илија Карадакоски и Симона Веселиновска од познато шоу „Танц со Ѕвездите“. Самото студио се наоѓа ул. Бел Камен бр. 9 во Скопје и тие имаат 4 танц програми:
- ЗА ДЕЦА (од 4-7 години, од 8-11 години, од 12-15 години) затоа што, според нив, здравјето и правилниот раст и развој на детето е најважно. Преку учењето на на ЛАТИНО ТАНЦИТЕ и ХИП ХОП-от соодветни за нивната возраст, танцот придонесува за правилен развој на телото, координацијата и моториката на децата, а воедно се дружат, забавуваат и подготвуваат супер кореографии.
- ЗА ВОЗРАСНИ и тоа Карибски Танци (Салса, Бачата, Кизомба, Меренге), Кардио Хип-Хоп, Пилатес, Ориентален (стомачен) танц.
- ЗА СВАДБЕНИ СВЕЧЕНОСТИ и тоа подготовка за прв танц на младенците, професионален настап на свадба, анимација на гостите преку танц работилница.
- ЗА КОМПАНИИ со цел да преминат од 8 часовна напорна и напната атмосфера на работа во супер дружба со колеги преку танц и забава.
Повеќе информации и контакт за нив може да се најде на: https://www.facebook.com/eatthebeatdance/
„Break a leg“ има две локации и тоа на ул. Венјамин Мачуковски бр. 1А и хх. ххххххх во Скопје. Студиото го водат Трајче Петковски и Андријана Петковски која е вработена во МОБ и познат балетски уметник кој 17 години работи со деца и млади како тренер и кореограф по хип – хоп. Клубот е најдобриот и најтрофејниот танцов клуб во Македонија, актуелен Шампион во Модерни Танци во речиси сите старосни категории.
Неколку од нивните најголеми успеси во Европски и Светски рамки се:
- ЕВРОПСКИ Шампион - Соло мини деца / Мила Србиноска - 2017
- ЕВРОПСКИ Вице Шампиони - Дуо Електрик Буги јуниори / Ивана & Ана - 2017
- СВЕТСКИ Вице Шампиони - Група јуниори / DIFFERENT - 2016
- ФИНАЛЕ на Светското Првенство за нашата формација деца / UNITED KIDS – 2016
Повеќе информации и контакт за нив може да се најде на: https://www.facebook.com/studiobreakaleg/
Еден од најинтересните настани за оваа година, меѓунариодниот танц натпревар „Dance off“, кој е организиран од овие две студија, ќе се одржи во Скопје на 15, 16 и 17 ноември во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“. Картите за натпреварот се во пред-продажба и може да се најдат во студијата „Break a leg“ на ул. Венјамин Мачуковски бр. 1А и „Eat the beat“ на ул. Бел Камен бр. 9, двете во Скопје. Повеќе инфо може да се најде на: https://www.facebook.com/danceoff.macedonia/
Минатата година, во 2018 „Dance off“ имаше над 4.500 учесници од Норвешка, Данска, Русија, Германија, Полска, Чешка, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Хрватска, Словачка, Италија, Австрија, Србија, Естонија, Грција, Унгарија, Бугарија, Молдавија и Турција.
Главни покровители на „Dance off“ се Министерството за култура и ЕСМ.