Високо ефикасни навики за студирање – на што да се подготват новите студенти

Најдобриот приватен универзитет во земјава, Меѓународниот Балкански Универзитет, ги отвори вратите за идните студенти за учебната 2019-2020 година.

visoko-efikasni-naviki-za-studiranje-na-shto-da-se-podgotvat-novite-studenti-01.jpg

Досега на оваа реномирана високо образовна институција се запишале над 500 млади луѓе кои одлучиле своето академско знаење да го стекнат токму на еден од седумте факултети на МБУ - економија, инженерство, правни и социјални науки, комуникации, уметност и дизајн.

За оние што се уште се во потрага по квалитетно високо образование, уписите на додипломските студии сè до 30-ти септември, а на постдипломските студии до 31-ри октомври.

Со влегувањето во оваа високо реномирана образовна институција, новите студенти треба да бидат подготвени на она што ги очекува. Ќе станат дел од меѓународна академска средина со студенти од регионот но и пошироко.

Запишувајќи се на некоја од 18 додипломски студиски програми или на некоја од 11 постдипломски студиски програми, студентот пред себе ќе има реномирани експерти во своите области како професори, наставно-образовен кадар со големо искуство, висока професионалност и способност да го пренесат своето знаење на студентите. Дополнително, ќе искусат учење според најдобра програма за настава и учење во државата, оценето од Шангајската листа, како и со иновативни методи на предавање.

Овој универзитет, освен што нуди високо меѓународно образование на своите студенти им нуди и бројни вон наставни активности, што со студирањето овде, претставува вистинско задоволство. Идните академски граѓани, можат да се пријават во еден од 9-те студентски клубови меѓу кои се и драмскиот, шаховскиот, танцовиот, дебатниот клуб и многу други.

Идните студенти на МБУ наставата во целост ќе ја следат на англиски јазик и на еден од најмодерните универзитетски кампуси во земјава и пошироко. Преку студентските програми за размена Еразмус+ и Мевлана, како и со договорите потпишани со над 150 компании за активна соработка со универзитетот, студентите ќе имаат можност за пракса во некоја европска реномирана компанија, нешто што ретко кој универзитет може да го обезбеди за своите студенти.

Со сите услови и високи критериуми за работа на МБУ од своите студенти создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот. Покрај тоа, овие стандарди на образование придонесоа МБУ да има највисок процент, дури 90% на професионално ангажирани дипломци, само 6 месеци по дипломирање и тоа во целиот регион.

Би можело да ве интересира:

Синот на Таско наполни една година: Две торти и забава со многу гости за Лукијан Точно на полноќ, познатиот музичар и неговата сопруга Наташа го изненадија синче...
Зоки Фаци во сабота заминува на операција во Турција: „По 20 години кариера, сфатив колку Македонија... „Хемотерапиите мислам дека ми го уништија животот. Во Државна болница ми рекоа д...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
„Мојата дупла среќичка“ - Марко Новески објави прва фотка со близначињата во раце Новородените близначиња Веда и Вања во прегратка кај тато - водителот Марко Нове...
Џамбазов, Мајка Тереза - Кои познати Македонци добија мурали низ земјава? Во 2022 година во Куманово беше нацртан мурал на голманот на фудбалската репрезе...
Александра Шијакоска е бремена - објави емотивно видео со сопругот и трудничкото стомаче „Некогаш далечен сон, денес реалност“ – напиша Александра Шијакоска до емотивнот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg