Модната приказна продолжува - добредојдовте во новиот луксузен мултибренд Magnetik Gallery во Skopje CIty Mall!
- Детали
- четврток, 12 септември 2019
Во срцето на најголемиот трговски центар во Македонија, Skopje City Mall, вчера свечено беше отворен новиот луксузен продажен салон Magnetik Gallery. Како долгогодишен ексклузивен застапник на луксузни италијански брендови, модната групација Magnetik ја продолжува својата модна приказна со отворањето на овој нов продажен салон.
Во него се изложени новите колекции на препознатливитe луксузни брендови Max Mara Studio, Weekend Max Mara, Sportmax, Max Mara Leisure, Patrizia Pepe, Liu Jo, Marella, Joseph Ribkoff и Paul & Shark, кои ги шармираа гостите во пријатниот амбиент додека се запознаваа со брендовите.
Во Magnetik Gallery ќе пронајдете голем избор на модни парчиња за секојдневен софистициран имиџ, прилагодливи за секој стил, но и свечени и елегантни парчиња за сите посебни прилики. Со богатиот избор и препознатливиот печат на брендовите од високата мода, веруваме дека ќе бидат задоволени сите вкусови.
Приказната ја продолжуваме заедно, ве очекуваме во новиот салон во Skopje City Mall.