Караван на Охридска банка наменет за мали и средни претпријатија

„Партнер +“ кредитот во центарот на внимнието...

karavan-na-ohridska-banka-namenet-za-mali-i-sredni-pretprijatija-01.jpg

Охридска банка Сосиете Женерал неодамна го започна својот караван на средби со малите и средни претпријатија низ земјата. Целта на овој караван е непосредна комуникација со клиентите и отворена дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат компаниите, како и експертски пристап во насока на подобрување на работата на компаниите и унапредување на меѓусебната соработка.

Во центарот на вниманието на овие работни средби беше неодамна пласираната кредитна линија во соработка со Европската Банка за Обнова и Развој, позната како “Партнер+” кредит.  Имено, станува збор за кредитна линија наменета за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија, која се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија. Дополнителен бенефит е користењето на бесплатни консултантски услуги од страна на стручни консултанти, ангажирани од ЕБРД, што придонесува и за повисоко ниво на квалитет на проектите финансирани со Партнер + кредитната линија. 

karavan-na-ohridska-banka-namenet-za-mali-i-sredni-pretprijatija-02.jpg

Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трета работилница по ред, организирана од Охридска Банка, со цел подобро запознавање на претставниците на малите и средни претпријатија со поволностите на Партнер + кредитот, На работилницата преку панел дискусија на која учествуваа преставници од Охридска банка и претставници на стручните консултатни од проектот за поддршка на конкурентноста на МСП, како и директна дискусија со присутните претставници на малите и средни претпријатија, беа споделени детални информации за начинот и процесот на апликација и одобрување на кредити од кредитната линија Партнер +. Претходно вакви работилници се одржаа во Скопје и Штип. 

Преку одржаните работилници досега, над 150 претставници на мали и средни претпријатија се запознаа со можностите за зголемување на инвестициите во рамки на своите компании преку користење на оваа поволна кредитна линија.

Повеќе информации за Партнер+ кредитот, за правни лица може да причитате на веб страницата на Банката, во мрежата на експозитури на Охридска Банка, како и на Контакт центар 02 15 050. 

karavan-na-ohridska-banka-namenet-za-mali-i-sredni-pretprijatija-03.jpg

karavan-na-ohridska-banka-namenet-za-mali-i-sredni-pretprijatija-04.jpg

karavan-na-ohridska-banka-namenet-za-mali-i-sredni-pretprijatija-05.jpg

karavan-na-ohridska-banka-namenet-za-mali-i-sredni-pretprijatija-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Мала глумица како мама и тато – Првите кадри на ќерката на Емра Куртишова и Петар Стојановски „Првиот филм на Лена“ – напиша Емра Куртишова на фотките во кои се гледаат првит...
Даниел Кајмакоски и сопругата Марина добија ќерка: „Мојата најголема авантура започна“ Даниел Кајмакоски откри дека со сопругата Марина добија ќерка - Емилија. Дани...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Докторка од Берово запросена на смена во Итна медицинска помош: „Очекував пациент, но влезе партнеро... „Бев втора смена во Итната медицинска помош. Ѕвончето заѕвоне и станавме на штре...
Ламбе објави ретка фотка со сопругата, Јелена Спенџарска на забава со партнерот од Грција: Што правe... Пред веста за трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, која ја потресе јавноста, а по ...
Катарина Ивановска во Италија со сопругата на Атанас Атанасовски: Од Венеција, на скијање во Корвара... Македонскиот топ модел Катарина Ивановска и нејзината блиска пријателка Александ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg