KFC го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија

Еден од најголемите ланци на ресторани, KFC, на 18.07.2019 (четврток) во рамките на свеченото отвoрање на POINT Retail Park во Скопје го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија. Преку препознатливиот модел на работење, популарен помеѓу големите ланци за храна во светот, новиот ресторан ќе им овозможи на сите оние кои се во брзање, без да излегуваат од својот автомобил, брзо и лесно да го купат својот омилен оброк.

kfc-go-otvori-svojot-prv-drive-thru-restoran-vo-makedonija-01.jpg

Опремен со две дополнителни каси за нарачка и превземање на храната од надворешниот дел на ресторанот, преку новата „drive thru“ опција, процесот на земање на нарачката за секој возач е многу пократок и поедноставен.

KFC ланецот на ресторани продолжува со предвидените планови за проширување во Македонија и воведување на новини во работењето. Позициониран на одлична локација, ресторанот покрај капацитетот за околу 150 посетители, вклучувајќи ја и терасата каде гостите ќе може да го почувствуваат вистинскиот дух на KFC, овозможи и отворање на повеќе од 30 нови работни места.“ – изјави г-дин Фатмир Фејзули, генерален менаџер на KFC Македонија.

Со овој ресторан KFC ја продолжува стратегијата да биде присутен во што поголем број на градови во земјата и да им ги понуди на своите ценети гости највкусните и свежи јадења од пилешко подготвени според тајниот оригинален рецепт со 11 состојки и зачини на основачот на KFC, полковникот Сандерс.

kfc-go-otvori-svojot-prv-drive-thru-restoran-vo-makedonija-02.jpg

Отворањето на уште еден ресторан во Скопје потврдува дека за многу кратко време ја стекнавме довербата на нашите гости и навистина ни е драго што тој број континуирано расте. Единствен од овој тип во Македонија, со својот уникатен и урбан дизајн и уреден со најсовремена опрема, ресторанот ја доловува енергијата на брендот препознатлива за KFC. Без разлика дали доаѓате сами или со друштво, во текот на првиот месец се предвидени многу активности и специјални попусти.“- наведе Жаклина Герасимовска, маркетинг менаџер на KFC Македонија.

Ресторанот во текот на летото ќе биде отворен од 10:00 до 02:00 часот наутро. Истиот има вкупна површина од  420m2 и се наоѓа на крстосницата помеѓу „Македонско-косовска бригада“ и булеварот „Словенија“ во Скопје.

kfc-go-otvori-svojot-prv-drive-thru-restoran-vo-makedonija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg