Започнува со работа фондот за школување и вработување на БЕФ
- Детали
- петок, 12 јули 2019
Скопје, 12 јули 2019 Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб-академијата Еверест и со финансиска поддршка на Sparkasse, го објави денес својот прв јавен повик за кофинансирање стручни студии во област на веб-развојот.
Проектот има две цели. Прво, оспособување на одбраните кандидати за позицијата Front-end developer, а потоа по студиите да им биде понудена помош за наоѓање работа. Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видеолекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.
Одбраните кандидати ќе добијат покривање на 80% од трошоците за студиите, а обуката им е наменета, пред сѐ, на невработени лица, вклучувајќи и студенти, при што приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со посебни потреби.
Пријавувањето на кандидатите трае до 21 јули, а се врши на веб-страницата на BEF.