„Marvel како пример за стабилност и постојана иновација“

Отворен ден - Презентација на Меѓународните последипломски студии IBA - International Business Academy (Master Programme) на Државниот Универзитет на Р. Словенија, Економски Факултет - Љубљана

otvoren-den-prezentacija-na-megjunarodnite-poslediplomski-studii-iba-na-na-drzavniot-univerzitet-na-r-slovenija-ekonomski-fakultet-ljubljana-01.JPG

На 27.06.2019 во Public Room во Скопје, Државниот Универзитет на Р Словенија, Економски факултет – Љубљана организираше отворен ден со цел презентација на меѓународните последипломски студии IBA - International Business Academy (master programme), но и поттикнување на креативно и иновативно размислување кај присутните со помош на дел од говорниците и нивните теми.

Присутните на настанот имаа можност да слушнат нешто повеќе од страна на неколку говорници кои одблиску им ја претставија програмата. Тоа беа проф. Метка Текавчич, декан на Економски факултет Љубљана, која се обрати преку видео, Михаило Чалоски и Симон Симоски,  членови на FSEB LU Alumni Club & Магистранти од претходните генерации кои зборуваа за нивното искуство и придобивки од мастер програмата, Проф. Миха Шкерлавај, редовен професор на Економски факултет – Љубљана (School of Economics and Business – SEB Ljubljana) и M-р Христина Лозаноска, професионален извршен и бизнис тренер & ментор за човечки ресурси (основач на ВИТА Институт).

На настанот се оддржа и панел-дискусија на тема: What can we learn about continuous innovation from Marvel?”. Актуелна тема објавена во најновото интернет издание на Harvard Business Review

Иновативноста е исполнувачка, но во исто време и комплексна. Имаме многу примери каде организациите кои своите идеи не успеале да ги претворат во успешни продукти. Дали воопшто и кога ќе успеат за прв пат, станува уште потешко тој успех во иновирањето да се повтори.

Marvel Cinematic Universe е исклучок од ова непишано правило. Во текот на последните 10 години тие продуцираа 22 филмови кои во исто време остварија и комерцијален успех и се оценети со високи оценки од реномирани критичари.

И покрај фактот дека Marvel функционира во ризична и прилично тешка индустрија со нестандардни бизнис модели, тие ги надминуваат сите очекувања на повеќе различни начини. Од нивното контиунирано иновирање и анализата направена од страна на тимот со кој работев, може да се научи многу како да се оствари баланс во работата помеѓу одржување стабилност, но во исто време и презентирање и имплементирање на нови, свежи идеи“ - изјави Проф. Миха Шкерлавај.

otvoren-den-prezentacija-na-megjunarodnite-poslediplomski-studii-iba-na-na-drzavniot-univerzitet-na-r-slovenija-ekonomski-fakultet-ljubljana-02.png

На настанот беа презентирани следните детали за меѓународните последипломски студии IBA - International Business Academy (master programme):

  • Дипломата стекната на овој студиум е академска и важи секаде во светот.
  • Оваа мастер програма е наменета за економисти и не економисти (сите други профили
    на образование).
  • Курикулумот, методологијата, литературата и критериумите се целосно идентични како
    во Љубљана, со единствена разлика што предавањата и испитите се одржуваат во Скопје).
  • Компаниски бизнис академии креирани за потребите на компаниите / институциите.

otvoren-den-prezentacija-na-megjunarodnite-poslediplomski-studii-iba-na-na-drzavniot-univerzitet-na-r-slovenija-ekonomski-fakultet-ljubljana-03.png

Државниот Универзитет на Р Словенија, Економски факултет – Љубљана (University of Ljubljana, School of Economics and Business – SEB LU) од 2005 година во Скопје има свој Регионален центар за изведба на современо дизајнирани и светски признати магистерски студии по менаџмент и организација, но и има интензивна соработка со бизнис секторот со изведување на Бизнис академии кои се посебно креирани за потребата на секоја од компаниите. 

Државниот Универзитет на Р Словенија, Економски факултет – Љубљана по трет пат ја доби EQUIS акредитацијата (најреномирана акредирација за практична бизнис академска мастер програма во Европа), носител е и на AACSB акредитацијата (највисока акредирација за практична бизнис академска мастер програма во САД),
ја поседува и акредитацијата AMBA за меѓународни МБА студии.

Државниот Универзитет на Р Словенија, Економски факултет – Љубљана е тројно акредитиран со т.н. „Тројна круна“ акредитации, ова се трите највисоки меѓнародни акредитации за бизнис постдипломски студии во светот и се наоѓа во 1% на светско ниво. Економски факултет Љубљана се вбројува меѓу 50-те најдобри факултети во светот, и е рангирана на второ место во Југоисточна Европа и во првите 500 факултети на Шангајската листа.

Важен податок кој не е констатиран во Македонија е тоа што благодарение на повеќегодишниот билатерален договор ѕа високо образование помеѓу Македонија и Словенија, голем е бројот на студенти од Македонија кои што своето високо образование го имаат завршено во Словенија.

Податоците говорат дека:

- Најголем број од странските запишани студенти на Државен Економски факултет во Љубљана на додипломски, последипломски и докторски студии се токму од Македонија

- Најголем број од странските завршени студенти на Државен Економски факултет во Љубљана последипломски и докторски студии се токму од Македонија

- Значителен е бројот на профилирани кадри од сите струки од Македонија кој е со работен ангажман токму во Словенија.

otvoren-den-prezentacija-na-megjunarodnite-poslediplomski-studii-iba-na-na-drzavniot-univerzitet-na-r-slovenija-ekonomski-fakultet-ljubljana-04.png

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg