Дали сте подготвени да плаќате само 3 евра на ден за меѓународно образование?
- Детали
- среда, 26 јуни 2019
Високото образование треба да биде достапно до секого. Затоа, за што поголема достапност до квалитетно образование, Меѓународниот Балкански Универзитет заедно со Халкбанка создадоа уникатен производ – Студентски кредит со 0% камата и со промотивна школарина од 1000 евра. Овој, наменски студентски кредит отвора можности за многу средношколци да ги реализираат своите амбиции за квалитетно високо образование и студии што гарантираат успешна кариера во земјава или странство.
Станува збор за субвенциониран кредит за студирање на Меѓународниот Балкански универзитет, за којшто родителите или членови на семејството на студентот можат да аплицираат за кредит за студирање без надомест за апликација и одобрување, а не се предвидени ниту трошоци за предвремена отплата. Меѓународниот Балкански универзитет ја покрива каматата за студентскиот кредит, а студентот, односно родителите ја плаќаат школарината кон универзитетот на 12 еднакви месечни рати без камата со можност за добивање грејс период за отплатата од 3 месеци.
Како дополнителна можност за новите студенти, Меѓународниот Балкански универзитет овозможи и промотивна намалена школарина од само 1000 евра со комплетно покриени трошоци за студирање.
Оваа сума пресметана на дневно ниво, претставува скромни 180 денари на ден, сума која има за цел да не го оптоварува семејниот буџет а обезбедува меѓународна академска средина на еден од најдобрите универзитетски кампуси во државата.
Инвестирањето во квалитетно образование е најдобрата инвестиција која можете да ја направите за вашето дете. Квалитетното образование е предуслов за градење успешна кариера во границите на сопствената држава, но и надвор од неа, а МБУ создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на меѓународните пазари на трудот. Единствено овој универзитет има над 90% професионално ангажирани дипломци во првите 6 месеци по дипломирање, што е највисок процент, воопшто во целиот регион.