Отсега и Visa картичките во мобилниот паричник NLB Pay

NLB Pay – прв и единствен мобилен паричник на пазарот кој ги интегрира Visa и MasterCard картичките

otsega-i-visa-kartickite-vo-mobilniot-paricnik-na-nlb-pay-1.jpg

НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која ги интегрира двата картични бренда Visa и MasterCard во мобилниот паричник NLB Pay. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате сите Visa и MasterCard платежни картички издадени од НЛБ Банка во мобилниот паричник NLB Pay и да плаќате бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал во земјата и во странство.

„Фокусот на НЛБ Банка е секогаш да биде прва банка на пазарот која на иновативен начин ќе одговори на потребите и барањата на своите клиенти. Пред една година го воведовме мобилниот паричник NLB Pay со дигитализација на MasterCard картичките, а денес сме горди што можеме  да одговориме позитивно на барањата на нашите клиенти со воведување и на Visa картичките. Отсега ќе може да ги дигитализирате сите картички издадени од НЛБ Банка во NLB Pay мобилниот паричник. Плаќањето е лесно, бесконтактно и безбедно и се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал.“, изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка. 

NLB Pay мобилниот паричник е мобилна апликација наменета за корисниците на платежни картички издадени од НЛБ Банка, кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем кој поддржува NFC технологија.  NLB Pay мобилниот паричник овозможува бесконтактни плаќања на ПОС терминали во земјата и во странство. Инсталирањето на NLB Pay мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни.

Апликацијата е достапна за преземање на Google Play store на следниот линк

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги кон своите клиенти. Мобилните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Повеќе информации можете да добиете на следниот линк

Би можело да ве интересира:

Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Денес се слави Светиот апостол Филип, денот познат и како божиќни поклади Денес се слави Свети апостол Филип. Именден слават сите што го носат неговото им...
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg