Пристигнаа нови бургери во KFC!
- Детали
- четврток, 20 јуни 2019
Компанијата KFC го прошири своето портфолио во Македонија со три нови производи, Triple Double бургер, Cheese бургер и крцкави wedges. Лансирањето на новите производи следи како резултат на континуирано воведување иновации во понудата и следење на барањата на потрошувачите. Новите производи се веќе достапни во рестораните на KFC во Скопје (City Mall и Ramstore) и Тетово (Palma Mall).
„За прв пат во нашата понуда на бургери вклучивме нови состојки кои не беа дел од стандардната понуда на KFC во Македонија, а комбинацијата на вкусови им овозможува максимално уживање на сите љубители на храна. Triple Double бургерот е најголем бургер досега кој е збогатен со трипати повеќе состојки, односно 3 парчиња Crispy Strips, 2 парчиња кашкавал, ајсберг, бургер сос, краставички, кромид и големо лепче. Cheese бургерот е одличен избор за младите, додека пак, wedges компирите се одличен додаток на сите типови на бургери, buckets и дипови. Со новата понуда веруваме дека ќе ги задоволиме и нашите најпребирливи потрошувачи.” – изјавија од маркетинг тимот на KFC.
Двата бургери ќе бидат понудени и со оброк во комбинација со пијалок и помфрит.
KFC е лидер во подготовка и послужување на пилешко. За помалку од една година во Македонија се отворени три ресторана, во Скопје и Тетово, а проекциите се тој број да се зголеми до крајот на годината. Со повеќе од 24.000 ресторани во повеќе од 130 земји KFC претставува најголемиот ланец на ресторани и еден од главните лидери на прехранбената индустрија во светот. Препознатлив по познатиот заштитен рецепт од 11 зачини на основачот Colonel Sanders, рестораните нудат различни специјалитети од пилешко, како бургери, buckets, врапови и слично. KFC е дел од групацијата YUM! под која оперираат Pizza Hut и Taco Bell.