Жени во костими за капење со гордост го покажаа своето тело без разлика на нивната големина, висина, кожа, „недостатоци“

Организирана модна парада за позитивна слика на телото со цел „соблекување на сите видови на предрасуди“

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-10.JPG

Скопје, (07.06.2019) - Секогаш постојат моменти кои го дефинираат начинот на нечие размислување, барем кај оние кои се во потрага по себе си. Тие треба да се зграбат затоа што само тогаш се освојува можноста да бидеш горд/а. Десетина жени го направија тоа и без разлика на својата големина, висина, кожа или таканаречени “недостатоци“, излегоа само во костими за капење во срцето на Скопје, плоштад Македонија, пред сите.

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-02.JPG

Настани од ваков тип ретко се случуваат низ целиот свет, но секогаш оставаат долготраен впечаток. Лисца, организаторот во Скопје, на меѓународно ниво има поддржано две движења во Милано. Мотивирани од влијанието и водени од искуството, Лисца одлучи да ја пренесе позитивната енергија и моќта на сите жени. Тие сакаат да им покажат дека тие, сите до една, се прекрасни. Како на Пјаца Дуомо во Милано, така и на Плоштад Македонија во Скопје, жените излегоа пред јавноста и ја нагласија гордоста која ја имаат за себе и своето тело. Тие чекореа со крената глава и насмевки на нивните лица.

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-03.JPG

Модната парада за позитивна слика на телото беше насловена “Горда што сум своја“. Истата за прв пат се одржа во Скопје и имаше за цел да каже НЕ на дискриминацијата. Мисијата е да се убедат жените и мажите да ги „соблечат сите видови на предрасуди“.

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-04.JPG

Лисца е бренд кој е секогаш е посветен на убавината на секоја жена и е ентузијастички поддржувач на иницијативата #proudtobeme. Пример за тоа се нивните модни линии кои можат да го зголемат чувството на самодоверба и кохезија.

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-05.JPG

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-06.JPG

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-07.JPG

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-08.JPG

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-09.JPG

zeni-vo-kostimi-za-kapenje-so-gordost-go-pokazaa-svoeto-telo-bez-razlika-na-nivnata-golemina-visina-kozha-nedostatoci-01.JPG

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg