Неоком стана „Златен партнер“ на Dell EMC
- Детали
- среда, 05 јуни 2019
Преку новото партнерство со Dell EMC, Неоком АД го збогати своето портфолио на опрема и услуги, нудејки им на своите корисници поголем избор на производи и решенија од водечките светски компаниии од областа на ИКТ.
Скопје, 05.06.2019. – Неоком АД ја надогради соработката со уште една од водечките светски компании од областа на информатичко-комуникациската технологија - Dell EMC на ниво „Златен партнер“. Соработката меѓу двете компании на потрошувачите ќе им донесе високотехнолошки ИКТ решенија, супериорна корисничка услуга и напредни крајни кориснички уреди (преносни компјутери, десктоп единици и висококвалитетни монитори).
Покрај ова, високото партнерско ниво е поткрепено и со достапност на висококвалификувани инженери кои се сертифицирани да одговорат на сите стручни барања на пазарот за воведување најнови ИКТ решенија и врвна корисничка поддршка. Неоком АД со ова ја потврдува својата квалитетна информатичко-технолошка експертиза, која во целост може да ги задоволи потребите на бизнис процесите на компаниите и на потрошувачите.
„Наша мисија е постојано да нудиме најдобри решенија за нашите клиенти, кои се базирани на современите трендови и иновации и нудат одлична поддршка за развој на компаниите. „Златното“ партнерство со Dell EMC е потврда за високиот капацитет на нашата компанијa, но и за стручноста и професионалноста на нашиот тим. Верувам дека со тоа го поттикнуваме и севкупниот развој на ИКТ индустријата во земјава,“ истакна Горан Кубелка – Технички директор на Неоком АД.
Преку партнерската соработка со Dell EMC, Неоком АД дополнително го надогради своето портфолио на опрема и услуги од водечките светски компании од областа на ИКТ. Како кориснички ориентирана компанија Неоком АД постојано ги следи потребите на пазарот континуирано работејќи на развој и имплементација на најновите трендови од ИКТ решенијата и услуги во насока на задоволување на потребите на корисниците.
Неоком АД е една од водечките компании во ИКТ секторот, со речиси 30 годишно искуство во својата дејност. Во своето богато портфолио на услуги Неоком АД им нуди на своите корисници комплетни ИКТ решенија по принципот „клуч на рака“, решенија за безбедност на податоци, комплексни системи за комуникација и решенија креирани според специфичните потреби на корисниците. Сето ова надополнето со портфолиото на услуги во облак (neoCloud) на корисниците им овозможува брза и лесна транзиција во дигиталната трансформација.
Следејки ги потребите на корисниците, во 2004-та година Неоком АД го основаше Неотел - телекомуникациски и интернет оператор, нудејќи им на своите клиенти врвни услуги и во овој сегмент.