Совети од кујната - Одличен рецепт за брза подготовка на здрави и вкусни крекери!

soveti-od-kujnata-odlichen-recept-za-brza-podogotovka-na-zdravi-i-vkusni-krekeri-01.jpg

Една пријателка од неодамна ми се пожали дека тешко и оди од рака диетата, лесно ги прескокнува обилните оброци, но проблем и причинува силната желба постојано нешто да грицка. Всушност ова е проблем кој го имаат повеќето од нас. Дури и да не сте на диета ниско калоричните и пред сè здравите ужинки понекогаш се и неопходни, посебно ако сте физички активни или пак сакате додека ја гледате омилената тв серија да имате занимација во рацете.

Па така почнав да трагам што може да биде решение и супер храна која нема да биде масна и нездрава. Ми падна во очи следново видео:

Всушност вистинскиот  одговор е секогаш многу едноставен нели?! Ова е сет на пет семиња кои можете да ги купите во сите подобро снабдени маркети и од нив се прави ова феноменално хранливо солено задоволство. Прво ќе бидете сигурни дека ги избегнувате адитивите вештачките бои и конзервансите, барем за мене многу важна ставка, и второ се подготвуваат толку лесно што и под ваш надзор ќе може да ги направи вашето дете. Подготовката од видеото изгледа ептен брза, па се охрабрив да го пробам...излегоа одлично, превкусни! А најдобриот дел е што сезонава се купуваат како цел сет со кој добивате гратис кутија за складирање на овие крекери или подоцна и нешто друго.

soveti-od-kujnata-odlichen-recept-za-brza-podogotovka-na-zdravi-i-vkusni-krekeri-02.jpg

Сетот содржи: ленено семе, интегрален сусам, мене лично најомилен, лупени семки од тиква, и семки од сончоглед. Тие се екстремно хранливи бидејќи ги содржат сите потребни компоненти од кои подоцна се развиваат комплексни растенија. Семињата се одлични извори на влакна, но исто така содржат здрави мононезаситени масти, полинезаситени масти и многу важни витамини, минерали и антиоксиданти. Неверојатно е што семињата содржат повеќе калциум од млечните производи, па затоа се одлична замена за оние кои се придржуваат кон веганска диета. Кога се консумираат како дел од здрава исхрана, семињата можат да помогнат во намалување на шеќерот во крвта, холестеролот и крвниот притисок, како и да го подобрат општото здравје.

Затоа ве охрабрувам да ги пробате овие крекери и  здравите навики нека започнат од ужинката!

Би можело да ве интересира:

Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....
Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки? Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „В...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg