Четвртите Алпски игри се одиграа во Кисела Вода
- Детали
- четврток, 16 мај 2019
Четвртите Алпски игри се одиграа во општина Кисела Вода во Скопје, во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“. Таму најмалите ракометари се натпреваруваа во разни дисциплини и за сите следуваа награди од омиленото Алпско млеко. Тимот на Алпско млеко ја препознава потребата за отворено поттикнување на соработка меѓу децата, стимулирајќи социјална интеракција и поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства. Така тие со гордост, веќе по четврти пат се главни спонзори на овој квалитетен проект кој се залага за подобра иднина на дечињата.
Мисијата на Алпско млеко е преку забава да ги едуцира и да ги охрабри децата што сакаат да се занимаваат со овој спорт да посегнуваат по здрави продукти и да креираат позитивни прехрамбени навики, што подоцна во животот ќе им обезбедат добро општо здравје, висок енергетски биланс, но и препорачана телесна тежина. Квалитетните продукти во хармонија со природата се клуч за здрав појадок, а млекото и млечните производи се најважни представници на таа моќна дружина. Нутритивно, се работи за намирници со импресивен состав, што се издвојуваат по своите протеини и се значаен извор на калциум неопходен за здравјето на коските, кое е особено важно за спортски ангажирани поединци.
„ Се надевам дека нашиот придонес ќе посади никулци во секое дете што ќе култивираат добри играчи што ќе бидат корисни членови на тимовите во кои ќе играат, но и корисни и квалитетни поединци во локалната заедница“ – изјави Горан Ѓоргоноски, директорот на „КМГ Спорт“, организатор на настанот, и координатор на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ каде веќе неколку години по ред млади ракометари тренираат и ги усовршуваат своите вештини.
Погледнете дел од атмосферата и воодушевувањето на присутните: