И младите македонски менаџери и претприемачи се приклучуваат на светската бизнис елита во Амстердам!
- Детали
- сабота, 06 април 2019
Од оваа година, најуспешните македонски менаџери и претприемачи помлади од 40 години ќе се приклучат на светската бизнис елита за време на свечениот настан кој го организира Business Elite Awards во октомври во Амстердам. Имено, “Business Elite’s 40 Under 40” е престижна програма за наградување на извонредни млади менаџери и претприемачи од светот на бизнисот. Тоа се визионерите и иноваторите кои ги инспирираат другите и имаат огромен придонес за развојот на своите заедници и нивните земји. И секој од нив е на возраст под четириесет години.
Ексклузивната “40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за млади бизнис лидери и честопати е првиот поттик на многу успешни светски познати личности. Секако, пред секој кој се стекнал со вакво признание претстои блескава кариера и огромни успеси во светот на бизнисот во иднина.
Номиниран може да биде секој менаџер или претприемач кој ги исполнува следните услови:
- мора да биде 40 години или под 31 декември 2019 година
- мора да работи на менаџерска позиција во субјект од приватниот, јавниот или непрофитниот сектор
- мора да работи во компанија со седиште во Европа.
Секој кој смета дека ја заслужува оваа исклучителна награда може да се номинира себеси. Секако, доколку познавате некого за кого сметате дека е доволно успешен за да биде помеѓу наградените 40, слободно можете да го/ja номинирате. Испратете го вашето име или името на тој/таа кои ги номинирате на следниот линк: http://businesseliteawards.com/nominate/ или по еmail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Селекцијата ќе ја прави Бордот на судии составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и светот. Избраните 40 најуспешни млади бизнис лидери ќе:
- Добијат престижно признание и единствена шанса за самопромоција и промоција на своите достигнувањата пред остатокот од бизнис елитата од Европа
- Присуствуваат и бидат наградени за време на церемонијата на доделување на наградите и на свечената вечера во Амстердам
- Го користат го официјалниот знак "40 under 40" за сопствени промотивни цели
- Се приклучат на престижната “Business Elite’s 40 under 40” алумни мрежа
- Добијат значителни попусти за идните самити, семинари и други настани за вмрежување
- Се вмрежат со останатите европски бизнис лидери
- Бидат објавени во списанието “ The Business Elite”
Business Elite Awards гради широка мрежа од елитата за елитата. Да се биде дел од бизнис елитата е придобивка сама по себе, бидејќи големите умови размислуваат слично - колективните умови успеваат заедно. Членовите на нашата престижна алумни мрежа можат да ги зголемат шансите за понатамошен успех како резултат на сите нови контакти што ќе ги генерираат со останатите наградени успешни луѓе од бизнисот. Алумни мрежата е ексклузивна за наградените млади бизнисмени и само тие можат да имаат корист од неа.
Затоа, започнете го процес на приклучување кон глобалната бизнис елита со вашата номинација на следниот линк: http://businesseliteawards.com/nominate/