„Партнер + кредит“ нов бизнис кредит од Охридска банка Сосиете Женерал наменет за мали и средни претпријатија
- Детали
- четврток, 04 април 2019
Преку Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија на Европската банка за обнова и развој, Охридска банка Сосиете Женерал го лансира „Партнер+“ кредитот со можност за 15% грант финансиран од Европската унија.
Со својот труд постојано насочен кон создавање на подобри бизнис услови за реалниот сектор, Охридска банка Сосиете Женерал го претставува “Партнер+” кредитот наменет за малите и средните претприjатија со можност за грант од 15% финансиран од Европската унија. Охридска банка Сосиете Женерал го разви Партнер+ кредитот како дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на малите и средните претпријатија во Македонија на Европската банка за обнова и развој.
Партнер+ кредитот им нуди можност на корисниците да добијат 15% грант од износот на финансираната инвестиција. Грантот е финансиран од Европската унија и се однесува на успешно завршените проекти на македонските мали и средни претпријатија во насока на заштита на животната средина, безбедност и квалитет на производите и здравје на работното место.
Со Партнер+ кредитот, малите и средните претпријатија добиваат можност да ги подобрат работните услови во својата околина и со тоа да се приближат до директивите на Европската унија.
Дополнителна вредност на овој нов производ од портфолиото на Охридска банка Сосиете Женерал е тоа што за реализација на проектите, на располагање се стручни консултанти за олеснување на процесот на апликација, како и изработка на технички бизнис план за прикажување на издржаноста на инвестицијата и нивото на позитивно влијание на истата врз активностите на компанијата.
Партнер+ кредитот се карактеризира со максимален износ на поединечен кредит до 1 000 000 евра, грејс период до 12 месеци, конкурентна каматна стапка, минимален рок за враќање на кредитот – 18 месеци и максимален рок за враќање на кредитот – 10 години, како и 15% грант пресметан на износот на финансираната инвестиција, овозможен од Европската унија.
Инвестициите реализирани преку Партнер+ кредитот на Охридска банка Сосиете Женерал опфаќаат инвестиции во индустриски објекти, опрема, софтвер, подобрување на системите за менаџирање во компанијата и останати промени што целат кон придржување на директивите на ЕУ за заштита на природата, безбедност на вработените и квалитет на производите.
Новиот кредит на Охридска банка Сосиете Женерал е чекор напред во континуитетот на реализирање на програми на Европската банка за обнова и развој. Конкретно, Охридска банка со својата експертиза успешно ја реализираше и програмата на “GEFF” на ЕБОР, каде што преку А++ кредитот инвестира повеќе од 2 милиони евра во зелената економија, исплати повеќе од 230 000 евра грантови овозможени од Европската унија и финално, над 200 домаќинства имплементираа енергетско ефикасни технологии во своите домови.
Повеќе информации за Партнер+ кредитот се достапни на овој линк, во мрежата на експозитури на Охридска Банка,, како и на Контакт центар 02 15 050.