Мебелот на ИКЕА сега уште поблиску до граѓаните на Северна Македонија
- Детали
- четврток, 04 април 2019
Започнува со работа првиот центар за испорака на ИКЕА на југот од Србија
„Со отворањето на центарот за испорака во Ниш сакаме дополнително да ги приближиме производите и решенијата на ИКЕА до нашите купувачи во Северна Македонија и на југот од Србија и да им овозможиме да заштедат. Неодамна отворивме центар за испорака во Нови Сад и продолжуваме да ги истражуваме начините за да ја направиме нашата понуда уште подостапна за поголем број граѓани и љубители на производите од ИКЕА“, рече Александра Петровиќ, менаџерка за искуство во купувањето во ИКЕА Србија.
Денес, 4 април, токму напладне започнува со работа центарот за испорака на ИКЕА во Ниш, лоциран на ул. „Гоце Делчев“ 2/б. Центарот ќе понуди дополнителни услуги за потрошувачите од Северна Македонија, Ниш и Јужна Србија. Со отворањето на овој центар, ИКЕА Србија уште повеќе ги приближува и ги прави подостапни своите производи за купувачите во Македонија и во Србија.
Во центарот за испорака, корисниците може да ги преземат производите што претходно ги нарачале од онлајн продавницата на ИКЕА или ги купиле во стоковната куќа ИКЕА во Белград. Трошоците за преземање на стоката од центарот за испорака ќе изнесуваат 156 дeнари за стоки до 30 килограми и 521 денар за стоки до 1 тон.
Процедурата за преземање на производите е едноставна и се реализира во два чекори. Производите најпрво треба да се порачаат преку интернет-продавницата на ИКЕА или да се купат во ИКЕА Белград, а потоа купувачите може да изберат опција за преземање на производите од центарот за испорака во Ниш. Кога пратката ќе пристигне во центарот за испорака, купувачот добива СМС-порака дека пратката е подготвена за подигнување и може да ја преземе во рок од три дена во предвиденото работно време на центарот.
Центарот за испорака на ИКЕА во Ниш е најблиската контактна точка на ИКЕА за жителите од Скопје и од северниот дел на Македонија, а со него ги очекуваат многубројни придобивки. Освен едноставното преземање на нарачаната стока, купувачите ќе може да ги вратат неотпакуваните производи во центарот, да порачаат нови онлајн во самиот центар или, пак, да добијат образец за поврат на ДДВ од вработените во центарот. Купувачот може да ја достави потребната документација за поврат на ДДВ преку банкарски трансфер или лично да отиде во стоковната куќа во Белград, со што ќе добие можност да го врати целиот износ на ДДВ. Повеќе информации може да најдете на следниот линк.
За сите наведени услуги во центарот за испорака на ИКЕА, купувачите на располагање имаат четворица вработени.
Сите купувачи што ќе сакаат да ги подигнат производите од центарот за испорака во Ниш, тоа ќе може да го направат од понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот и во сабота од 8:00 до 16:00 часот.