Интервју SOUND WAVES: Баш ни е ќеф шо ке свириме на UNDERFEST

Sound Waves е бенд од Битола, кој како cover band има настапувано на преку 200 свирки низ 13 градови низ Македонија и учествувано на 3 фестивали. Тие се млади, но многу талентирани музичари кои се на возраст од 22-25 години. Свират Rock/Hard Rock, и нивните настапи се препознатливи по енергијата што ја пренсуваат на публиката.

intervju-sound-waves-bas-ni-e-kef-sto-ke-svirime-na-underfest-001.jpg

Членови за бендот се: Вокал/Соло гитара - Марјан Ѓаковски; Ритам Гитара - Љупчо Даскаловски; Бас Гитара - Димитри Дојчиновски; Тапани - Христијан Станковски.

Бендот ќе настапи во сабота на 06 април, 2019 година на фестивалот АНДЕРФЕСТ во Јавна Соба во Скопје . Влезот за сите посетители е бесплатен!

1. Kако се запознавте и како дојдовте до идејата за формирате бенд?

Се знаевме уште од деца, па решивме еден ден да земиме неколку пива и да одиме да посвириме нешто.. и тогаш дојдовме до идеа да станиме бенд и да свириме.

2. Што симболизира името на бендот?

Името на бендот беше сосема рандом.. имавме појќе предлози за името ова најпојќе не опишва нас и нашите настапи.

3. Каде се имате настапувано и дали планирате издавање на албум?

Имаме настапвано во 13 градови низ Македонија, постоиме две години и имаме преку 200 настапи. Материјалот за албум ни е веќе готов,оваа година планираме секоја песна да ја релисниме со видео запис.

4. Бидејќи доаѓате од Битола, како ја оценувате алтернативната сцена во вашиот град и општо алтернативната сцена во Македонија?

Во нашиот град има доста бендој, и то квалитетни бендој шо мислам дека цела Македонија е запознаена со нив. Битола стално имало јаки бендој шо свират Кавер и Авторска музика. Вервам и во Македонија дека има само треба да има појќе вакви фестивали како "Андерфест" шо ке бидат посветени на алтернативната сцена во Македонија, со то ќе имат шанси бендојте шо свират да го извадат материјалот од гаражи и да го пренесат на лугето то шо го креирале.

5. Каде се имате настапувано и дали можете да издвоите еден настап кој ви останал во сеќавање?

Имаме во скоро сите градој во Македонија... Не можиме да издвоиме еден настап, сите настапи ни се посебни и незаборавни.

6. Во април оваа година ќе настапувате на фестивалот Андерфест, како дојде до тоа и што мислите за овој тип на фестивал кој трае три дена и кој е целосно посветен на изведувачи од Македонија?

Од Андерфест добивме покана да учествуваме на фестивалот, и баш ни е ќеф шо ке свириме.

Па наше мислење е дека треба почесто да има вакви фестивали како "АНДЕРФЕСТ".. ќе имат шанса сите бендој да се почуствуват светски на бина, и овај е единствениот начин да ја зачуваме Алтернативната Сцена.. па и да ја донесиме на поголемо ниво.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg