Доделени наградите од наградната игра на Охридска банка Сосиете Женерал „Зелена наградна игра“
- Детали
- четврток, 14 март 2019
20 електрични скутери доделени на 20 клиенти на Банката.
Денес, Охридска банка Сосиете Женерал ги додели наградите од „Зелената наградна игра“, организирана во насока на подигнување на еко свеста, грижата за чиста средина и чист воздух. Во Дирекцијата на Банката беа доделени наградите на среќните добитници, чие официјално извлекување се одржа на 11.03.2019 година, во просториите на Банката, во присуство на трочлена комисија, составена од двајца вработени во Банката и овластен Нотар.
Право на учество во оваа наградна игра имаа сите клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал, иматели на дебитни и кредитни картички издадени од страна на Банката, со направени најмалку 10 трансакции со дебитна картичка и 5 трансакции со кредитна картичка.
Охридска банка Сосиете Женерал денес додели 20 електрични скутери, на 20 среќни клиенти и уште еднаш покажа дека со активно делување во заедницата може да се делува глобално. Оваа наградна игра е само дел од низата еко активности кои Банката ги спроведува на терен, како за своите вработени, така и за своите клиенти.
Со доделување на вкупно 70 велосипеди на клиенти во 2018 година, 20 електрични скутери денес, како и изградба на вело-паркинзи, набавка на еко-возила, оплеменување на јавни површини, Охридска банка Сосиете Женерал, во континуитет ја покажува својата грижа за животната средина и како општествено-одговорна компанија продолжува да делува во оваа насока, покажувајќи јасна визија кон одговорно делување.
Повеќе информации за наградната игра, како и листата на добитници на електрични скутери од наградната игра „Зелена наградна игра“, клиентите можат да најдат на веб страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, како и на социјалните мрежи.