Макпрогрес ја поддржа иницијативата за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство

По примерот на компанијата Витаминка од Прилеп и нашата најголема прехранбена индустрија Макпрогрес Виница, денес на менаџерски состанок донесе одлука да се прифати иницијативата за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство. Компанијата се надева дека кон оваа позитивна иницијатива ќе се приклучат и други компании во Македонија.

makprogres-ja-poddrza-inicijativata-za-dopolnitelni-3-meseci-skrateno-rabotno-vreme-za-roditelite-sto-se-vrakjaat-od-porodilno-otsustvo-02.jpg

Со оваа одлука уште еднаш Макпрогрес покажува дека вработените се најголемата вредност за компанијата, и дека грижата за нив, нивната едукација и обезбедувањето на најдобри услови за работа се нешто што претставува императив во работењето. Дека вработените имаат можност за напредок, за градење кариера во нивното родно место, а притоа имаат бенефиции како во некои од најразвиените западно европски земји.

Станува збор за новина со која вработените кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

Макпрогрес вработува над 600 вработени и со тоа претставува најголем работодавач од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија. Со својот бренд Винчини е своевиден пионер – амбасадор на кондиторската индустрија, кој прв отворено се осмели да излезе на странските пазари и преку организиран и системски пристап да креира перцепција на македонската кондиторска индустрија како квалитетен и конкурентен играч во регионални и светски рамки. Во моментов производите се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.

Како иновативна компанија, постојано ги следи потребите на потрошувачите, создавајќи високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари. Винчини, Сончева Долина, Армониа, Натура, Фантазиа, Дониа се дел од брендовите кои влегуваат под капата на производствената индустрија Макпрогрес.

makprogres-ja-poddrza-inicijativata-za-dopolnitelni-3-meseci-skrateno-rabotno-vreme-za-roditelite-sto-se-vrakjaat-od-porodilno-otsustvo-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Тоше Проески пееше на Евровизија, гледавме „Млади бунтовници“ – Настани што се случија во Македонија... 2004-та беше плодна година и за музиката и за филмската индустрија во Македонија...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg