Функционална храна на 21 век
- Детали
- среда, 13 март 2019
Повеќето од нас во фрижидер имаат јогурт што ќе го испијат затоа што уживаат во вкусот или затоа што претставува добар извор на калциум и други материи, кои имаат позитивно дејство врз нашиот организам. Она што многумина не го знаат е дека постојат јогурти што се функционални производи и содржат пробиотски култури, кои го регулираат проблемот со варењето и со надуеноста.
Пробиотските култури, олигофруктози и инулини, содржани во функционалниот јогурт го забрзуваат работењето на цревата, а покрај тоа ја зголемуваат и апсорпцијата на витамини и минерали во вашиот организам и ги хранат добрите бактерии во цревната флора. Не треба да посегнувате по пробиотски јогурт само кога ќе настане проблем, затоа што тој има и превентивна функција во одржувањето на балансот во организмот.
Balans+ ја има потврдено својата ефикасност во воспоставувањето рамнотежа во дигестивниот систем. Клиничките истражувања спроведени во КБЦ Бежаниска коса потврдуваат дека Balans+ го регулира варењето по само 10 дена редовно користење, затоа што содржи комбинација од пробиотици и пребиотици, кои поволно влијаат врз дигестивниот тракт, го поттикнуваат варењето и метаболизмот го прават поактивен.