Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Награда од Обединетите Нации: Пивара Скопје - лидер во постигнување на целите на одржлив развој

Пивара Скопје ја доби годинешната награда „Предводници на Целите за одржлив развој“ на Обединетите Нации.

pivara-skopje-lider-vo-postignuvanje-na-celite-na-odrzliv-razvoj-01.jpg

Со наградата која се доделува во рамки на Проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, што го финансира Европската Унија, а го спроведува организацијата „Конект“, се потврдува лидерската улога на Пивара Скопје и нејзиниот долгогодишен придонес во постигнување на глобалните цели за одржлив развој, како и за нејзиното значење и влијание врз развојот на домашната економија и заедницата воопшто.

pivara-skopje-lider-vo-postignuvanje-na-celite-na-odrzliv-razvoj-02.jpg

Исклучително сме среќни и горди на оваа награда која ја доживуваме како верификација на постојаните, долгорочни вложувања и напори на нашата компанијата и на сите нејзини вработени во остварување на целите за одржлив развој. Тие се спроведуваат континуирано во текот на редовното работење на Пивара Скопје, како и преку реализацијата на голем број општествено одговорни платформи во области како што се: eдукацијата и развојот на младите, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, унапредување на здравјето и безбедноста, на умерената и одговорна консумација на алкохол, афирмирањето на полова рамноправност и други области кои имаат навистина големо значење за квалитетот на животот на целата заедница. Се разбира, во ова од голема полза е лидерството и поддршката што ја добиваме од системите на Coca-Cola HBC и HEINEKEN каде припаѓа нашата компанија“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, заблагодарувајќи се за наградата.

pivara-skopje-lider-vo-postignuvanje-na-celite-na-odrzliv-razvoj-03.jpg

Во креирањето и реализацијата на активностите и платформите за одржлив развој, Пивара Скопје има долгорочен и стратешки пристап. Притоа, во реализацијата на сите проекти компанијата настојува да вклучи голем број партнерски компании, институции, граѓански организации и поединци, а секако и своите вработени и членовите на менаџментот на компанијата, промовирајќи го на тој начин волонтерскиот ангажман, како посебен облик на општествено одговорно дејствување.

pivara-skopje-lider-vo-postignuvanje-na-celite-na-odrzliv-razvoj-04.jpg

За своите досегашни заложби за одржливост, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, три години последователно, Пивара Скопје беше рангирана на првото место во индустријата за пијалаци во светот, според престижното глобално рангирање кое го прави „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices).

Се работи за глобален успех кој е резултат на голем број конкретни активности и инвестиции во зголемување на топлинската ефикасност и заштедата на енергија, во рециклирањето и заштеда на водата која се користи во процесот на производството, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа, со што компанијата значително го намали своето влијание врз животната средина.

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg