Најнова иновација од Виталиа: бар со Мастиха за грчкиот пазар
- Детали
- сабота, 23 февруари 2019
Виталиа која веќе 25 години носи здрави производи на македонскиот и светскиот пазар, овојпат разви бар со мастиха за грчкиот пазар. Она што е интересно за мастихата се нејзините здравствени бенефити што уште еднаш докажува дека Виталиа, секогаш вложува во најдоброто и најквалитетното за своите потрошувачи почитувајќи ги нивните специфични барања за вкус и функционалност.
Мастихата е супстанција добиена од грмушка, која расте на грчкиот остров Киос. За нејзините лековити дејства се знае уште од античките времиња. Грчкиот лекар Хипокрит кој ја проучувал мастихата, прв препознал дека нејзината употреба помага при нарушувања на дигестивниот тракт. Понатаму се откриени и многу други позитивни својства по човековото здравје кои оваа митска билка ги поседува.
Мастихата има силен позитивен ефект врз гастроинтестиналните нарушувања, диспепсијата, стомачната болка, пептичните чирови, итн. Се смета дури дека таа има способност да се бори и да ја искорени Helicobacter pylori која ако не се третира може да предизвика чир на желудникот. Денес, производи како што се мастиха во прав и масло од мастиха на големо се користат во фитотерапијата за третирање на широка палета здравствени состојби.
Покрај другите бенефити, мастихата придонесува и кон побрза регенерација на кожата и при повреда, па затоа се употребува како состојка користи во масти против изгореници, смрзнатини и проблеми со кожата.
Мастиха барот, освен што ќе биде ужинка, ќе има и силни бенефити по човековото здравје, бидејќи во себе содржи големи количини масло и прав од мастиха.
Виталиа како најголем извозник на здрава храна во државата и лидер во производство на истата постојано тежнее кон отворање на нови пазари, нови перспективи и се залага за внимателно проследување на трендовите од областа на здрава храна.
Потврда за тоа е извозот во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели. Според тоа, таа е компанија двигател стимулатор на македонската економија, која придонесува кон севкупниот развој на домашната економија.