Пакомак се закити со престижната награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

Минатата недела во рамките на VI Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа Европа (РСП) „300 БЕСТ“, Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување- „Пакомак“ стана почесен добитник на наградата за „Најзаслужна компанија за допринос кон развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа“. Свеченоста за доделување на наградите ќе се случи во период од 22 до 24 март, 2019 година, во Дубровник.

pakomak-se-zakiti-so-prestiznata-nagrada-i-priznanie-za-pridones-vo-razvojot-na-pretpriemnistvoto-vo-sredna-i-jugoistocna-evropa-001.jpg

 Целта на Регионалниот самит на бизнисмени од Средна Јужна и Југоисточна Европа „300 БЕСТ“ е јавно признавање и привлекување на вниманието на јавноста кон успехот на претприемачите - ретки визионери и утрешни лидери чија работа, знаење и креативност се вткаени во основите за воспоставување и развивање на ново и подобро општество во кое живееме и работиме. Овој проект во рамките на кој се доделуваат наградите и признанијата, вклучува и нивна промоција пред останатите компании од регионот и има долгорочна задача да создаде амбиент за растење на идните генерации кои ќе бидат креатори на новото време и соодветно ќе одговорат на предизвиците кои ги носи иднината.

Наградата Пакомак ја доби во друштво на жешка конкуренција на компании од Централна Европа (10 земји) и Југоисточна Европа (13 земји) - првенствено: Босна и Херцеговина Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија (како потесен регион) како и земјите: Албанија, Бугарија, Кипар, Грција, Молдавија, Романија, Турција и Украина, како и на пазарот: Австрија, Чешка, Италија, Унгарија, Германија, Полска, Словачка и Швајцарија.

Пакомак оваа награда ја доби како непрофитна компанија, чија дејност е управување со отпадот од пакување. Таа е првата компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. Основачи на компанијата се 11 водечки производствени компании во Македонија: Пивара Скопје АД Скопје; Прилепска пиварница АД Прилеп; Витаминка АД Прилеп; Пелистерка ДОО Скопје; Магрони ДОО Скопје (Ладна, Добра вода); Кодинг Дооел Кавадарци (Горска вода); Кожувчанка ДОО Кавадарци; Вивакс Дооел Скопје; Благој Ѓорев АД Велес; ВВ Тиквеш АД; ВВ Стоби АД. Целите кон кои се стреми оваа компанијата е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државата согласно европските регулативи - да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Оваа награда сосема заслужено им припадна на Пакомак благодарејќи на нивниот континуиран развој и остварување на строго зацртаните цели преку безброј проекти, едукација и активности. Па така, денес, Пакомак има одлична соработка со 35 општини, во кои живее над 75% од населението во Република Македонија, каде се уредно поставени контејнери за селективно собирање на хартија, пластика и стакло од населението. Дополнително компанијата соработува со над 800 објекти (хотели, ресторани и кафулиња) од кои редовно собира стаклена амбалажа и овој број од година во година расте.

Паралелено со селектирањето на амбалажниот отпад Пакомак паралелно вложува големи напори и средства за едукација на децата со проекти како: „Еко-магионичар“,  „3Д Еко-автобус, театарска претстава на тема екологија и др. Секој од овие проекти досега опфатиле по околу 50.000 ученици од 100-120 основни училишта од 10-15 градови од Република Македонија. Сите овие проекти се одликувани со национална награда од страна на државата.

Резултатите од напорите на Пакомак денес се видливи. Според истражувањата, во однос на почетокот на работата на Пакомак, денес присутна е видлива разлика кај свеста на населението за рециклирање. Над 70% од населението ги знаат бенефитите од рециклирањето, над 50 % го препознаваат Пакомак како компанија за менџирање на амбалажниот отпад. 

Од 20 мај 2011 Пакомак е 34-тата национална непрофитна компанија што се приклучува кон интернационална мрежа за управување со амбалажен отпад ProEurope (http://pro-e.org/), со што ја добива лиценцата за употреба на симболот "Green Dot". Green Dot е финансиски симбол, кој означува дека за пакувањето што го има тој знак е платен надомест за постапување со отпадот по употребата.

Согласно со законот за управување со отпад од пакување, Пакомак не само што ги остварува, туку и ги надминува поставените национални цели. Со ваквите резултати, компанијата доби продолжување на дозволата за работа и им ја гарантира сигурноста на своите клиенти.

Од своето работење до денес Пакомак бележи импозантна бројка на  рециклиран амбалажен отпад од 115.541 тони. Од година во година бројот расте и напорите и визиите на Пакомак се во блиска иднина секое домаќинство да го селектира амбалажниот отпад и да се подигне нивото на самосвест за оваа граѓанска должност кај секој од нас.

„Среќни сме и почестени што беа препознаени вредностите кои Пакомак ги негува и како резултат на нашите решителни напори денес имаме резултати со кои можеме да се пофалиме, иако на терен има уште многу работа за да го достигнеме посакуваното ниво на свест кај граѓаните и институциите. До пред  две години количините на стаклен отпад завршуваше во депониите кои што имаат ограничен капацитет, но на наша иницијатива оваа слика денес е сменета преку активностите на „Пакомак“ во однос на стаклото, кое што во последниве месеци го собираме е во количина од 220 тони месечно. Преку нашата собирачка мрежа вкупно собираме над 20.000 тони отпад од пакување годишно, во кои е вклучено: стакло, пластика, хартија, метал, дрво и композит. Над 50 отсто од овие количини директно ги собира во соработка со 20-тина комунални претпријатија низ земјава, но и преку воспоставена мрежа за селекција на отпадот во компаниите-членки на „Пакомак“, угостителсите објекти, училиштата и дел од инстититуциите.“, изјави Филип Ивановски директор на Пакомак.

Пакомак  продолжува и во 2019 година, со еднакви сили во остварување на бројните проекти, соработка со локалните и централните власти, со цел подобрување на еколошката свест кај граѓаните, нивна едукација и значењето на селекцијата на отпадот, рециклирањето, зачувувањето на животната средина, затоа што не треба да заборавиме дека имаме само една планета, а наша заедничка грижа е нејзиното зачувување.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Се слави празникот Преображение господово – Денес не се оди во кафеани и не се спие преку ден Се верувало дека ако денес спиете преку ден, ќе се преобразите во поспани и сонл...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg