Отворен повик за учество во Hyundai: Driven by Design натпреварот
- Детали
- вторник, 29 јануари 2019
За сите млади модни дизајнери - прилика која не смее да се испушти!
Со цел да се даде поддршка на младите модни дизајнери и да се збогати уметничката позадина на нашата заедница, на настанот Fashion & Lifestyle Expo 2019 за прв пат ќе се организира натпревар за млади модни дизајнери.
Натпреварот е отворен за сите модни дизајнери на возраст од 18 до 30 години кои се или пак биле студенти на било кој факултет/академија/институт или организација/тренинг центар каде се изучува модниот дизајн. Аплицирањето е бесплатно.
Бидејќи веруваме во квалитетот на младите и перспективни, домашни модни дизајнери – им задаваме едноставен моден предизвик, а најдобрите 10 ќе добијат прилика:
- Својот дизајн да го изложат во фоајето на Македонската Опера и Балет, во склоп на настанот Fashion & Lifestyle Expo;
- Да го претстават својот дизајн на ексклузивна модна ревија на пред-отворањето на настанот, додека,
- Најдобрите тројца ќе освојат и вредни парични награди и тоа: парична награда од 1.000 ЕУР за првонаградениот, и парични награди од по 500 ЕУР за второ и трето наградениот дизајн!
Апликациите се отворени од денес, 29.01.2019 а траат до 11.02.2019.
Прочитајте повеќе на следните линкови:
- Повеќе за натпреварот [КЛИК ОВДЕ]
- Начин на аплицирање [КЛИК ОВДЕ],
- Фонд на награди [КЛИК ОВДЕ],
- Рокови [КЛИК ОВДЕ],
- Селекција и бодување [КЛИК ОВДЕ],
- Стручно жири [КЛИК ОВДЕ]
Натпреварот е спонзориран од Korea Auto Trade а организиран во соработка со Моментум Инк.