Пијте млеко во бременоста за повисоки деца
- Детали
- петок, 18 јануари 2019
Жените кои за време на бременоста секој ден пиеле барем една чаша млеко, можат да се пофалат со повисоки деца во тинејџерските години, покажува најновото меѓународно истражување.
Експерти (нутриционисти) од САД, Данска и Исланд, ги анализирале бебињата родени во 80-тите и 90-тите години од минатиот век, и откриле дека нивната висина е директно поврзана со количината на млеко која мајките ја консумирале.
Без разлика на полот, доколку мајките пиеле повеќе од 150 милилитри дневно за време на бременоста, децата биле повисоки. Исто така, овие тинејџери имале и повисоко ниво на инсулин, што упатува на помал ризик за развивање на шеќерни болести.
Предностите на млекото по здравјето се бројни, советуваат нутриционистите. Доколку се консумира наутро е најдобро бидејќи организмот најмногу ќе ги искористи неговите хранливи состојки, а се препорачува и навечер за мирен сон! Треба да се избере само квалитетно млеко, кое ги поминало сите нивоа на контрола кое е здраво и хранливо. Ви го препорачуваме млекото од Млекара Здравје, кое е комплетно македонски производ, произведено во еколошки чисти реони добиено од најголемите и најдобрите македонски фарми, кои секојдневно преку комплетниот ладен систем, го носат во откупните центри на млекарата.