Денс Студио Мак од Куманово на Денс Фест во Нови Сад - Од 7 кореографии, 2 освоија прво место
- Детали
- петок, 23 ноември 2018
Денс Студио МАК од Куманово беше дел од меѓународен фестивал „Денс Фест“ кој се одржа овој викенд во Нови Сад.
Фестивалот славеше јубилеј од 10 години, а учествуваа 35 земји учесници кои се претставија со околу 700 кореографии.
Денс Студиото Мак од Куманово оваа година освои две први места , едното во формација деца и другото група јуниори во голема конкуренција.
За ова искуство, од студиото велат:
„Настапивме со 7 кореографии од кои 2 зедоа награда. Задоволни сме од успехот и горди сме на нашите деца, бидејќи оваа за нив беше едно ново искуство, за некои од нив и прв настап на сцена.“
Кореографиите за фестивалот беа на Игор Шкомац, Мерлин Стојановска и Ангела Костадиновска.