Донирајте за изградба на стационар во Кичево за бездомните животни да добијат топол дом
- Детали
- вторник, 20 ноември 2018
„Грифон КИЧЕВО“, здружение за развој и заштита на бездомни животни (невладина граѓанска организација) започна проект со цел да ги згрижи животните од оваа ранлива група.
Тие започнале со изградба на стационар кој се наоѓа во с. Бигор Доленци, Кичево (стара Кожара) и е постоечки објект во руинирана состојба, а целта им е со заедничка помош од сите да премине во удобно катче што ќе биде дом првично за околу 150 бездомни кучиња.
За доизградба на стационарот во кој треба да бидат сместени многуте бездомни кучиња, чија бројка во Кичево изнесува 180, се потребни поголеми парични средства, а се надеваме дека има многу луѓе кои ќе сакаат да бидат дел од оваа хумана цел и да им помогнат на кучињата да бидат вдомени.
Од здружението велат:
Општина Кичево веќе обезбеди стерилизација, кастрација и вакцинација и планот на нашата организација е оваа постапка таму да биде довршена.
Со тоа многу од постоечките болести кои се шират од бездомните кучиња ќе бидат решени, како што се шугата, вошките и жолтицата.
Најважното од целиот овој проект е што кучињата ќе бидат тргнати од улица, ќе бидат нахранети и згрижени во топли простории.
Затоа, потребна ни е нам и на кучињата Вашата ПАРИЧНА ДОНАЦИЈА на жиро сметка 210- 0729266001-17, НЛБ банка, IBAN број: МК07210722000080480 или со оставање пари во кутиите сместени во Петшопот и хотел за животни „Нест“ и во кафулето Барфлај (двете лоцирани кај поштата во Центар).
Покрај за помагање на доизградба на стационарот, средствата ќе бидат потребни и за континуирано снабдување со храна за згрижените кучиња, вакцинација, лекување, подобрување на условите за живот и зголемување на капацитетот за згрижени животни.
Исто така, донациите може да бидат и во вид на храна за кучиња, стари ќебиња, јоргани и перници кои се надвор од употреба.
За сите информации може да нè контактирате на телефонот 075963424 и ќе се договориме за доставата на средствата.
Нашето здружение се наоѓа на ул. Јанко Михајловски, бр. 2а и отворени сме за секаква сугестија, помош, идеја.
Однапред ви благодариме за вашата помош и хуманост!
Со љубов, ГРИФОН