По што се разликува Black Friday во Македонија и во Америка?

Продавниците, големите трговски брендови и шопинг центрите низ Македонија го најавија најголемиот шопинг ден во годината - Black Friday. Оваа кампања застапена на глобално ниво која потекнува од Америка, последниве години станува сѐ поактуелна и кај нас. Крајот на ноември е познат по овој ден, со кој официјално започнува предновогодишното шопинг лудило, а сите трговци со нетрпение го очекуваат.

po-sto-se-razlikuva-black-friday-vo-makedonija-i-vo-amerika-1.jpg

Но, се чини дека американската практика за Black Friday значително се разликува со онаа на Европа и на Балканот. За разлика од традиционалните Black Friday акции во Америка каде што најголемиот акцент на попустите се става на белата техника, концептот на попусти кој се практикува во Европа е повеќе насочен на производи од текстилната индустрија. Често се случува потрошувачите да очекуваат екстремни намалувања на целиот асортиман, па откако ќе ги посетат продавниците се разочарани што попустите се однесуваат на дел од производите со помали намалувања од очекуваните. Според неколку истражувања на Black Friday кампањите организирани од европски трговци, најчесто попустите се движат најмногу до -50% на дел од артиклите.

Исто така, суштинска разлика е тоа што во Америка постои лимитирана понуда на намалени производи, односно попустите се однесуваат само на 100 до 200 парчиња. Токму затоа и се создава страшната турканица, големите гужви и преноќувањата пред продавниците: затоа што само првите неколку ќе успеат да го купат посакуваниот производ. Од друга страна пак, во Македонија и останатите балкански држави, трендот е сосема различен: нема драстични попусти до -80% или -90%, но затоа пак имаат поголема залиха на производи којашто им е понудена на потрошувачите.

“Од особена важност е потрошувачите да разберат дека не се изманипулирани, односно дека попустите кои ги најавуваме се реални. Проблемот е што постојат лажни очекувања дека тие ќе наидат на американски Black Friday. Точно е дека полека го преземавме тој тренд и во овој период од годината нудиме попусти, но нашата понуда драстично се разликува: помали попусти и поголема понуда, наспроти помала понуда и квантитет на намалени производи.” – изјавија од менаџментот на Скопје Сити Мол.

po-sto-se-razlikuva-black-friday-vo-makedonija-i-vo-amerika-2.jpg

За време на овие сезонски распродажби и големи попусти, најважно е купувачите да бидат информирани за своите права како потрошувачи, да препознаат што е вистински попуст а што не е, како и рационално и практично да го распределат буџетот издвоен за ваквите шопинг екскурзии низ продавниците и трговските центри.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тоше Проески пееше на Евровизија, гледавме „Млади бунтовници“ – Настани што се случија во Македонија... 2004-та беше плодна година и за музиката и за филмската индустрија во Македонија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg