За првпат во Македонија ќе се избира маж на годината

Признание за успешната работа ќе добијат најуспешните мажи за 2018-та година.

za-prvpat-vo-makedonija-ke-se-izbira-maz-na-godinata-001.png

01.11.2018, Скопје - Oваа година за прв пат ќе се одржи избор на МАЖИ НА ГОДИНАТА во Македонија. Настанот ќе се одржи на 28 ноември (средa) во Тренд Гастро Бар, и истиот има за цел да ги награди успешните мажи кај нас, но и да ги мотивира во иднина за успех како на личен план, така и на професионален.

Изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА има за цел да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден имиџ во бизнис задницата. Знаејќи дека токму сега е месцот за поддршка на машкото здравје оваа манифестација има за цел да прерасне во традиција секоја година.

Идејата за реализација и организација на еден ваков проект е на единствениот онлајн машки магазин кај нас FRIDAY.MK  и агенцијата за организација на настани MOMENTUM INC. , а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и е препознаен од голем број на компании кои го поддржаа изборот за Маж на годината.

"Да се организира еден ваков настан претставува голема чест и задоволство. Идејата се роди од тоа што Македонија има многу малку настани од ваков тип, а имаме навистина голем потенцијал и квалитет. Нашето заедничко искуство на ФРАЈДЕЈ и МОМЕНТУМ, ни даде за право да организираме настан каде ќе ги наградиме најуспешните мажи кај нас во 10-на категории, да го препознаеме трудот, работата, активностите и на најуспешните од нив да им дадеме призание со што ќе претставува поттик во иднина за секој од нив." - изјавија организаторите.

Инаку изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА ќе се бира во неколку категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности,  Маж менаџер на годината, Странец менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Избор на маж според социјални медиуми. Секоја категорија има свое жири кое дава свои предлози за номинација и се бираат оние кои добиле најмногу гласови од жирито. Се бираат оние кои ги исполнуваат критериумите на организаторите.

Би можело да ве интересира:

Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg