Со донација на 280 оброци, во ОКТА одбележан Денот на гладот

(Скопје, 26.10.2018) - Вработените во ОКТА уште еднаш ја покажаа својата хуманост, активно вклучувајќи се во одбележувањето на Светскиот ден за борба против гладот. Со колективно откажување од своите дневни купони за храна, вработените собраа парични средства со кои се обезбеди донација од 280 оброци за социјално загрозените семејства во државата. Пакетите со храна, преку Црвениот крст, исто како и минатата година, ќе бидат доставени до жителите на руралните средини кои не можат да си дозволат достоинствен оброк. Поддршката на иницијативата и масовноста на одѕивот од вработените се зголемува секоја година, што е потврда дека во компанијата постојано се надградува свеста за потребата од социјално одговорен ангажман.

so-donacija-na-280-obroci-vo-okta-odbelezan-denot-na-gladot-1.jpg

Во рамките на оваа општествено одговорна активност, традиционално беше организирана и крводарителска акција во која учествуваа 100 крводарители од компанијата. Дарувањето крв е една од хуманите активности по кои ОКТА е препознатлива уште од почетокот на работењето на компанијата. Од 1982 година до денес се одржани над 130 крводарителски акции.

so-donacija-na-280-obroci-vo-okta-odbelezan-denot-na-gladot-3.jpg

Од компанијата велат дека се особено горди што токму вработените се иницијатори на голем број волонтерски и хуманитарни активности што е најдобар доказ дека токму тие се еден од главните столбови на политиката за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.

so-donacija-na-280-obroci-vo-okta-odbelezan-denot-na-gladot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Моќна објава на Македонка: „Ми го исмејуваа детето на училиште затоа што носи храна од дома и има по... „Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, бе...
Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна За помалку од 24 часа, откако родителите Трајче и Васка Панови испратија апел за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg