Ново здраво мени за вработените во „Виталиа“
- Детали
- среда, 24 октомври 2018
Виталиа не само што се грижи за здравјето на своите потрошувачи туку посветува и посебно внимание на здравјето на своите вработени. Здравата исхрана е предуслов за добри перформанси. Идеалниот склоп на нутритиенти е неопходен за оптимално исполнување на когнитивните и физичките активности, влијае на работната енергија и на мотивираност на вработените. Токму затоа, Виталиа неодамна воведе функционална исхрана за своите вработени согласно нивните работни позиции.
Имено, експертскиот тим на Виталиа креираше нутриционистичко мени кое комбинира совршен сооднос на протеини, јаглехидрати и масти кои треба да се внесат во организмот за да се постигне добра виталност. Во менито се опфатени сите категории на храна при што фокусот е ставен на внесот на интегрални жита, супер храна, протеини од растително потекло и храна со ниска содржина на шеќери и масти. Се користат исклучиво висококвалитетни состојки од богатото портфолио на Виталиа кои освен макронутритиенти нудат внес на витамини, минерали и биоактивни компоненти – сите есенцијали за одржување на балансираност, разновидност и редовност во секојдневната исхрана.
Здравјето на нашите вработени е наш приоритет. Тие се моторот, главниот извор на идеи и затоа нивната мотивираност треба да биде на највисоко ниво. А правилната исхрана е еден од главните фактори кои влијаат на работната енергија и продуктивност. Креиравме tailor made функционални оброци формулирани од експертскиот нутриционистички тим на Виталиа и квалитетно избрани суровини со кои Виталиа располага.
Со тоа силниот тим на Виталиа ќе биде подготвен да ги совлада сите предизвици и да ги исполни амбициозните таргети и цели на компанијата, лидер во производството на здрава храна во регионот – вели Искра Ветаџокоска Муцунска, управител и ко сопственик на Виталиа.