Facebook започнува партнерство со Httpool за поддршка на локалните бизниси во Балканскиот регион
- Детали
- вторник, 09 октомври 2018
9-ти октомври 2018 г.: Facebook и Httpool со задоволство го најавуваат стратешкото партнерство во Балканскиот регион. Httpool стана официјален партнер за препродажба на Facebook на Балканот, вклучувајќи ги Бугарија, Хрватска, Србија и Словенија. Facebook ја препознава можноста ова долгорочно партнерство да им користи на локалните агенции и огласувачи, за тие да допрат до побројни публики и да остварат значајна комуникација со корисниците, со што ќе се подобри потенцијалот на локалните бизниси.
Httpool, како официјален партнер за продажба на огласи на Фејсбук, ќе обезбеди поддршка, знаење и стручни информации за локалните бизниси и ќе им помогне со маркетинг стратегиите преку Facebook, Instagram, Facebook Messenger и Whatsapp. Целта на соработката е да се обезбеди директна поддршка за огласувачите во дадена земја на Балканот, преку партнер со силна позиција, стручност и докажано искуство во регионот.
Нашата програма за препродавачи ја дизајниравме така што ќе ги доближиме сите наши знаења и стручност до огласувачите во балканските земји, каде што Facebook нема физичко присуство. Денес со задоволство најавуваме дека одиме чекор понатаму и додаваме уште поголема вредност на бизнисите во регионот - изјави Роберт Беднарски, Директор за Централна и Источна Европа, Facebook.
Ова партнерство е уште еден доказ за водечката позиција и успешното работење на Httpool во регионот. Задоволство ни е што ќе му помогнеме на Facebook во воведувањето најнови рекламни решенија во регионот и на различни брендови и агенции ќе им обезбедиме директна поддршка на највисоко извршно ниво - вели Аљоша Јенко, Основач и Извршен директор на Httpool.
Со ова партнерство ќе се воведат најдобрите практики на Facebook како и обука, техники за развој на стратегија и можност за локално плаќање во регионот, со помош на експертските процеси за огласување на Httpool. Дополнителни предности за агенциите ќе бидат тимските обуки, директната наплата како и директната поддршка за прашања поврзани со огласувачките политики.
Огласувачите во регионот користат Facebook и Instagram за да се поврзат со нивната публика на значајни начини. Благодарение на стратешкото партнерство со Httpool, ќе обезбедиме поголема поддршка со посебно дизајнирани обуки и поддршка од експерти - нагласува Рустам Зиганшин, Партнер за препродажба за ЦИЕ регионот во Facebook.
За Httpool
Како подружница на Internet Media Services (IMS), Httpool е водечката меѓународна огласувачка мрежа на повеќе канали која нуди најширока палета на интернет огласувачки производи и решенија низ Display, Video, Engagement, Social и Performance каналите.
Httpool ги користи најнапредните сопствени и лиценцирани технологии, има долгогодишно меѓународно искуство и заеднички со IMS ги застапува Twitter, LinkedIn, Spotify и други избрани глобални и локални медиуми на пазарите, вклучувајќи ги Австрија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естонија, Грција, Хонгконг, Унгарија, Индија, Индонезија, Летонија, Литванија, Македонија, Малезија, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија и Украина. За повеќе информации, посетете ја страницата: www.httpool.com.
За Facebook
Facebook e oснован во 2004 година, а неговата мисија е да им даде на луѓето моќ за градење на заедници и за зближување на светот. Луѓето користат Facebook за да останат во контакт со пријателите и со семејствата, да дознаат што се случува во светот и да ги споделат и изразат нештата кои ним им се важни. Facebook е трговската марка на Facebook, Inc.