Браво! Детски хор од Хрватска ја пее „Мојата Македонија“ среде Загреб
- Детали
- среда, 13 декември 2023
„'Мојата Македонија’ се пее со полн глас и во Хрватска. Голема благодарност до овие прекрасни дечиња, до драгата професорка Деспина и до родителите на овие прекрасни душички. Ми го наполнивте срцево“, напиша пејачот Давид Темелков, кој го објави видеото од детскиот хор кој ја пее песната во салата „Тодор Проески“ во Загреб.
Пејачот Давид Темелков, кој веќе неколку години живее во Хрватска, на социјалните мрежи објави емотивно видео додека ја пее песната „Мојата Македонија“ заедно со детски хор во кој членуваат момчиња и девојчиња од Хрватска и Македонија.
Оваа песна Давид ја промовираше на 11 октомври 2023.
На видеото се гледа како тој влегува во салата „Тодор Проески“, а таму го чекаат дечињата и нивните најблиски, па го извикуваат неговото име.
Потоа заедно почнуваат да ја пеат песната.
„Без трема“, им вели професорката која го води хорот.
Темелков не го криеше воодушевувањето од топлиот пречек, па на Инстаграм напиша:
„’Мојата Македонија’ се пее со полн глас и во Хрватска. Младите дечиња од македонска, но и хрватска националност вака ја запеаја.
Голема благодарност до овие прекрасни дечиња, до драгата професорка Деспина, како и до родителите на овие прекрасни душички. Ми го наполнивте срцево“.
Погледнете го видеото:
„Мојата Македонија“ од Давид:
А. Ј. | Црнобело