Дигиталната трансформација е двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан

Дигиталната трансформација треба да биде двигател на економскиот раст на земјите од Западен Балкан. Дигитализацијата и паметните технологии ќе овозможат регионална интеграција, нови перспективи и интензивна соработка на граѓаните од регионот. А земјите од Западен Балкан ќе бидат успешни само доколку имаат заеднички пристап за својата иднина и просперитет", е заедничка констатација на учесниците на дводневната регионална економска конференција „Западниот Балкан во 2030 година“, којашто се одржа од 26 до 27 септември во Белград.

digitalnata-transofrmacija-e-dvigatel-na-ekonomskiot-rast-na-zemjite-od-zapaden-balkan.jpg

Учесниците меѓу другото дискутираа и за поврзаноста на дигитализацијата со побрзиот економски развој и намалување на одливот на кадри, како клучни проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан.

На тема „Значењето на дигиталната трансформација како основен предуслов за позитивни промени и развој на земјите од регионот“, интересно излагање имаше и Никола Љушев, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, кој на панел пред присутните истакна дека:

Изградбата на модерна телекомуникациска инфраструктура со  примена на новите технологии, инвестициите во дигитални вештини и дигиталната писменост се основен предуслов за развој на земјите од регионот“. Потенцираше и дека Западниот Балкан може да биде успешен единствено доколку применува регионален пристап и соработка, заради потребата од поголем пазар и високото ниво на потребни инвестиции. „Цврсто сум уверен дека дигитализацијата ќе донесе бенефит за сите општества подеднакво. Дојче Телеком Групацијата како еден од клучните инвеститори во Западен Балкан, како и Македонски Телеком како дел од таа Групацијата, се цврсти, иновативни и сигурни партнери во процесот на дигиталната трансформација на овој регион. Дигитализацијата ќе овозможи е-образование, е-здравство, односно нови современи технолошки решенија со кои ќе им се подобри и олесни животот на граѓаните“.

Една од финалните пораки на сите учесници на конференцијата „Западниот Балкан во 2030 година“ беше дека сите земји од регионот треба да соработуваат и да придонесат кон создавање услови за работа и живот, со цел да се задржат младите да останат во своите држави. Во таа насока, беше истакнато дека треба да се инвестира во соодветно образование во развивање нови вештини кај младите како услов за развој на нови бизниси кои ќе придонесат за раст на економиите во регионот. Дигиталната трансформација овозможува поврзаните економски сектори да добиваат подобри бизнис процеси, оптимизирани и ефикасни, а со тоа значително ќе се повлијае на зголемување на бруто домашниот производ во земјите. Отаму, дигиталната трансформација останува еден од главните фокуси на земјите од Западен Балкан на патот за приближување кон ЕУ.

Би можело да ве интересира:

„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...
Перо Антиќ и Сања Ристиќ со синовите на одмор во Анталија: Гледаат ајкули, хранат риби, пливаат во б... „Те сакам“ – му порача Сања Ристиќ на нејзиниот партнер Перо Антиќ со кого во мо...
Зоки Фаци во сабота заминува на операција во Турција: „По 20 години кариера, сфатив колку Македонија... „Хемотерапиите мислам дека ми го уништија животот. Во Државна болница ми рекоа д...
Синот на Драган Спасов Дац, Јаков, и сопругата Софија очекуваат второ дете „И одеднаш, сите планови станаа за четворица“, стои во описот на Инстаграм објав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg