Гласајте за вашите омилени социјални бизниси!
- Детали
- понеделник, 24 септември 2018
Во тек е гласањето за избор на најдобрите идеи за социјални младински бизниси како дел од Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Awards 2018, која традиционално и оваа година е поддржана од Шпаркасе Банка Македонија.
Гласајте за вашите топ три фаворити најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) до 23:59 часот, на следниот линк.
Темите и областите што ги опфаќаат социјалните бизниси на оваа генерација идни млади претприемач(к)и се: благосостојбата и менталното здравје на луѓето и воопшто целокупното здравје на луѓето, здравата храна и здравите животни стилови, велосипедизмот, вработливоста на младите луѓе, справувањето со отпадот, рециклирањето и одржливата мода.
Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2018, всушност претставува натпревар и целогодишна програма за поддршка на идеите меѓу студентите и младите, кои имаат потенцијал да се развијат во социјални бизниси.
Младите тимови се натпреваруваат за три финансиски награди со вкупна вредност од 6.000 евра, кои ќе им бидат доделени од страна на Шпаркасе Банка Македонија, како и една нефинансиска награда – дополнителна менторска поддршка од „Конто профит“.
Иако наградите се стимул за младите луѓе, вредноста на оваа програма е од голема важност за сите учесници, бидејќи учествувајќи во Social Impact Award, младите добиваат едукација, пристап до други интернационални програми, вмрежување со заедницата, како и можност за отпочнување сопствена кариера и решавање локални и глобални општествени проблеми и предизвици со кои секојдневно се соочуваме.
Победниците ќе бидат прогласени на 3 октомври 2018 година.
Гласајте за да ги споделиме и да ги поддржиме идеите на младите генерации!