Најдоброто пилешко во светот доаѓа во Македонија

Што би направиле ако некој би дошол кај Вас и би ви кажал дека ќе го пробате најдобриот пилешки рецепт во светот? Таквата изјава ги возбудува сите, особено македонското население кое ќе биде маѓепсано од KFC, американската франшиза од САД која го има нај заштитениот таен рецепт за правење на пилешко во светот.  Овој бренд моментално е еден од најголемите имиња во прехранбената индустрија, и ќе служи храна на Македонскиот пазар од 14 ти септември во 14:00 часот во City Mall Skopje, и Palma Mall Tetovo.

najdobroto-pilesko-vo-svetot-doagja-vo-makedonija-001.jpg

Оригиналниот производ на KFC е пилешко пржено под притисок, зачинето со рецептот на Сандер’с од 11 билки и зачини. Компонентите на рецептот претставуваат значајна трговска тајна. Поголеми парчиња пилешко месо се сервираат во картонска “Кофичка”, кој стана позната карактеристика на синџирот од страна на франшизата на Пит Харман во 1957 година.

Од раните 1990-ти, KFC го прошири своето мени за да понуди други производи како што е крцкаво пилешко филе, и други специјалитети од пилешко месо, гарнир како што се помфрит и пире од компири, десерти и безалкохолни пијалаци. KFC е познат по своите слогани “It’s Finger Lickin Good”, и таа изјава не може да биде поточна затоа што “Никој не прави пилешко како KFC”.

Сопственикот на франшизата кој е ангажиран да работи со KFC во Македонија има инвестициски план вреден повеќе од 10 милиони евра за наредните години. Во моментов KFC Македонија има 40 вработени во своите ресторани и 10 вработени во Дирекцијата.

Ова семејство планира да порасне до вкупно 400 вработени во наредните 4 години во повеќе од 15 ресторани.

Овие луѓе ќе имаат можност да се развиваат во една од најактивните индустрии на современиот глобален пазар.

Нашата цел е да ги поддржиме локалните добавувачи и компании за производство на сите состојки што ќе ги користиме во нашите ресторани, особено на пилешкото месо. Нашето партнерство со Витаминка веќе започна и тие ќе произведуваат за KFC Македонија.

najdobroto-pilesko-vo-svetot-doagja-vo-makedonija-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонскиот фризер Зоки Давитков: „Преку глава ми е да работам со луѓе кои не знаат како да се одне... „Сакам да ви напишам неколку битни работи и еднаш засекогаш да бидат запаметени ...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg