Зошто е важно да носите мобилен телефон со себе дури и на одмор?

Летото е период кога секој од нас посакува барем на кратко да се одмори од секојдневието, од работата, од обврските...  Многумина  мечтаат за летен одмор  на плажа со прекрасен бел песок и тиркизна вода, каде нема човек во близина, ниту каков било електронски уред. Но, во реалноста не можеме да се одвоиме од мобилните телефони, дури и на плажа.

zosto-e-vazno-da-nosite-mobilen-telefon-so-sebe-duri-i-na-odmor-001.jpg

И знаете што? Нормално е и не треба да се чуствувате виновни во врска со тоа! Живееме во време кога мобилните телефони се составен дел од нашиот живот, а реално бенефитот од нив е толку голем, што дури може да се доведеме во непријатна ситуација доколку патуваме без нив.

Не се согласувате? Тогаш, како ќе проверите дали ви е потврдена резервацијата пред да стигнете во хотелот? Како ќе се најдете со пријателите кои треба да ве пречекаат на аеродромот во непознат град? Како ќе ги известите дека сте се изгубиле и треба да ве најдат? Како ќе им пратите порака на домашните дека сте пристигнале сигурно и дека се’ е во ред?

Или сакате да постирате слики на Инстаграм од волшебното место на кое се наоѓате? Или не сте меѓу овие среќници, но на одмор сте, а итно морате да испратите мејл до колегите поврзан со работата?

Телефонот е нашата конекција со светот. Без оглед на тоа каде и да сме, паметно е да го имаме со себе за секаква ситуација, добра или лоша. Но, исклучително е  важно доколку патувате приватно или службено во странство да ги знаете правилата за роаминг услугите и да проверите кој оператор во дражавата каде престојувате нуди најповолни пакети.

Ова лето, тоа е дефинитивно Македонски Телеком, кој за вас подготви летна роаминг промотивна понуда којашто на корисниците за време на годишните одмори им овозможува опуштена и безгрижна комуникација во странство. Новите и постојни приватни корисници на Smart постпејд и Magenta 1, како и бизнис корисниците на Business и Magenta 1 Business тарифните пакети, добиваат 500 MB интернет и 500 минути во роаминг, достапни за користење цело лето.

Mинутите се однесуваат на појдовни и дојдовни повици во роаминг и за опцијата најевтин роаминг. По целосно искористување на промотивниот роаминг сообраќај, корисникот ќе добие SMS за искористените  минути за разговор, како и за искористениот интернет сообраќај.

Промотивните минути и интернет во роаминг можат да се користат до 30 септември 2018.

До тогаш, уживајте во летото и суфрајте безгрижно, постирајте безброј слики и праќајте љубов насекаде. Едноставно, бидете поврзани каде и да сте!

Би можело да ве интересира:

Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Познати македонски татковци кои уживаа на летување со децата (фото) Перо Антиќ ги одведе синовите во Анталија, откако претходно летуваа и во Грција,...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg