Елена Мошуц, еден од најдобрите светски сопрани, го отвори реномираниот фестивал „Охридско лето“
- Детали
- петок, 13 јули 2018
Вчера вечер Охрид блесна во полн сјај со свеченото отворање на 58. издание на „Охридско лето“ кое сите го очекувавме со нетрпение.
Публиката во преполниот Антички театар уживаше во експресивниот и уникатен романски сопран Елена Мошуц која заедно со тенорот Калин Братеску, настапи во придружба на Македонската филхармонија.
Одличниот настап на една од петте најдобри сопранистки на денешницата е само почеток на 58. издание на „Охридско лето“, каде што наредните четириесет дена нѐ очекуваат настапи на повеќе од 800 уметници,од 27 држави од Европа и светот.
И годинава, фестивалот со европско реноме се реализира со поддршка од Македонски Телеком, традиционално партнерство со кое компанијата ја потврдува својата стратегија за поддршка на настани кои се од особена важност за културата и уметноста во Република Македонија.
На овој линк можете да ја погледнете целосната програма.