„За многу кратко време, станавме симбол за иновативна промоција!“
- Детали
- петок, 29 јуни 2018
Ексклузивно интервју со регионалниот директор на STUBRAND, д-р Виктор Ѓорѓиески.
Четврта година по ред, реномираната маркетинг агенција STUBRAND Macedonia реализира промотивни активности за најомилените брендови на студентската популација во Република Макеоднија. Секако, од лани, истата се реализира и пошироко во регионот, односно во Албанија, Косово и Бугарија. Во што се крие тајната на овој успех?
В.Ѓ.: Ние сме уште еден доказ дека неизбежно е напорната работа и целосната посветеност во нешто во што силно верувате, порано или покасно да ви донесе успех. Кога започнавме со иновативниот промотивен концепт на STUBRAND во 2015 година, пазарот во Македонија во нашата индустрија (сертификација) беше во длабока кома поради погрешните одлуки на конкурентските брендови понесени од краткорочни, пред се финансиски бенефити да сертифицираат брендови кои реално не заслужуваат да бидат сертифицирани. Во 2015та година тргнавме со две клучни цели: да креираме бренд кој ќе сертифицира на реална основа врз база на реални истражувања на имиџот на брендовите, и бренд кој ќе биде посветен за најважната група консументи – младите лица од 19-27 година. Со тоа, успеавме да го изградиме STUBRAND како уникатен и поразличен бренд од постоечката конкуренција на македонскиот чија порака е „Креирајте вистинска лојалност кон брендот кај студентите денес, и задржете ја засекогаш!“.
Тврдите дека вашите истражувања се основа за сертификација. На кој начин ги правите истите и како еден бренд може да биде дел од вашите промотивни активности за дадената година?
В.Ѓ.: Уникатноста на методологијата произлегува од употребената Ликертова скала за мерење на личната перцепција или имиџот на брендот кај студентите, при што од нив се бара со кликање на една од понудените опции: Love, Like, Neutral, Dislike, Hate и Don’t Know, во најбрз можен рок да ја искажат, првичната и најбрза (импулсивно-емотивна) реакција поврзана со конкретниот бренд.
Одлуката за изборот на тн. “D-T (Delighted-Terrible) скала” или во конкретниот случај “L-H (Love-Hate) скала” е направена бидејќи е најсоодветна за мерење на интензитетот на чувствата/емоциите на клиентите, те. за степенот на нивна емотивна приврзаност кон брендот. Оваа констатација е поткрепена со многу истражувачки студии кои го потврдиле фактот дека постои голема разлика помеѓу зборовите Love (сакање, обожавање, воодушевеност и сл.) и Like (допаѓа). Или, отценката Like многу повеќе се поврзува со умот (рациото) на потрошувачите, а зборот Love со нивните емоции, воодушевеноста и сл. (тн. “Wow ефект”). Сличен заклучок, само во негативен контекст, важи и за значењето на зборовите Dislike и Hate.
Имајќи го во вид претходното, брендовите со позитивен имиџ над 50% (збир на Love и Like одговори) имаат можност да се вклучат во промотивните активности на STUBRAND во дадената година. Всушност, тоа се брендови кај кои има најголем степен на емотивна приврзаност кон брендот кај оваа целна група потршувачи, што всушност е и крајна цел на процесот на брендирање.
На што мислите кога велите дека брендовите можат да се вклучат во промотивните активности на STUBRAND? Кои се тие активности на кои се повикувате?
В.Ѓ.: STUBRAND во Република Македонија реализира 11 промотивни активности со цел да им помогне на своите партнери да го зајакнат имиџот на нивните брендови кај оваа најзначајна група консументи. Имено, секоја година STUBRAND го организира најголемиот свечен настан посветен на студентите на кој се прогласуваат официјалните брендови сертифицирани од страна на STUBRAND за дадената година. Покрај тоа, секој од брендовите добива простор за реклама од 2 страни во специјалната брошура/инсертер во висококвалитетниот STUDENTS: The International Magazine кој се дистрибуира бесплатно на сите факултети и универзитети во Република Македонија. Дополнително, брендовите се дел од специјалната реклама на STUBRAND која се емитува на социјалните медиуми. Секако, брендовите се дел од online промоцијата до целосната датабаза на студенти која ја поседуваме, а за одредени брендови правиме и специјализирани кампањи по студентските домови. Сите овие, како и останатите активности кои ги правиме континуирано во текот на целата година се дел од нашата промотивна програма со која партнерските брендови добиваат дополнителна промоција пред студентската популација во Република Македонија.
Може да се забележи дека има брендови кои се повторуваат од година во година, а дури има и брендови кои сите четири години се дел од вашите активности. На што мислите дека се должи сето тоа?
В.Ѓ.: Мислам дека тука клучни се две работи. Прво, претставниците на тие брендови се свесни дека младите лица од 19-27 години се нивните моментални консументи, но и консументи на иднината и дека токму во таа возраст за прв пат располагаат со сопствен буџет и ги креираат своите куповни навики. Па така, со привлекувањето како купувачи сега, компаниите си гарантираат продажба на нивните брендови и во наредните 40-50 години. И второ, соработката продолжува во континуитет бидејќи претставниците на брендовите се задоволни од нашата посветеност и ентузијазмот со кој што им помагаме полесно да ја пренесат нивната порака до студентите и имаат и директни мерливи бенефити од промоцијата. Сето тоа ни помогна и нас да се прошириме и на пазарите во Албанија, Косово и Бугарија, а Скопје да стане регионален центар на STUBRAND преку кој се промовираат брендовите на Балканот.
Што можеме да очекуваме од STUBRAND оваа година? Ќе ги изнадите ли студентите со некои новитети?
В.Ѓ.: Пресреќни сме што интересот на студентите за активностите на STUBRAND расте од година во година и се надеваме тој нагорен тренд да продолжи и во иднина. Оваа година, во ноември, ќе го имаме најголемиот до сега свечен настан на кој ќе присуствуваат студенти од четирите земји од регионот и на кој повторно ќе бидат доделени вредни награди за дел од присутните. Од оваа година, исто така, започнуваме со една нова иновативна активност која ја именувавме “STUBRAND Амбасадори“ преку која уште повеќе студентите ќе бидат директно вклучени во нашите промотивни активности. Што значи, продолжуваме со истата определба и посветеност да им помагаме на студентите да пронајдат работа во најуспешните компании во Македонија, а и фирмите да ги освојат срцата на најважните сегашни и идни консументи за нив.
За крај, кои брендови може да очекуваме да ги видиме на овогодинешниот свечен настан во ноември?
В.Ѓ.: Иако сеуште процесот на приклучување на брендовите кон овогодинешните активности не е завршен, до сега со радување можам да кажам дека брендовите Ладна, Добра Вода, Шпаркасе Банка, Голден Арт, Телекабел, Зегин, Рапсоди, Коузон, Healthy Food by Zegin, Телевизија 24 и crnobelo.com ја продолжуваат три и четири годишната соработката со нас. Секако, со не помалку радување им посакуваме добредојде на брендовите Ким, Пазар 3 и Пеко кои за прв пат оваа година ќе бидат дел од промотивните активности на STUBRAND во Република Македонија.